Римска мозаична уметност
From Wikipedia, the free encyclopedia
Римската мозаична уметност, која имала најголем дострел во период од 100 п.н.е. до 500 година, произвелa многу уметнички дела,[1] но не дала никакви посебни иновации, таа беше значаен додаток на римската архитектура. Тие биле зачувани на сите територии на некогашната Римска империја, од северна Африка па сè до Дунав, а изработката на мозаични подови во медитеранскиот слив достигна најголеми размери во првите 500 години после Христос.[2]
Со освојувањето на грчките градови, Римјаните всушност присвојувале уметнички дела и ги донеле во Рим. Меѓутоа, од денешна гледна точка, римската култура не била само дериват или имитација на грчката култура, туку ја наследила и етрурската култура, која е различна и од римската и од грчката. Затоа за римската мозаична уметност може да се каже дека била мост кон изгубените хеленистички ремек-дела, на кои им се восхитувале, ги копирале и ги преведувале во други уметнички изрази.[3]
Со текот на времето, Римјаните станале одлични градители и одлични технолози со широко образование, што најдобро е опишано во „Десетте книги за архитектурата“ од М. П. Витрувие, за кого не се знае точно кога живеел (за Јулиј Цезар или Август во 1. век п.н.е), а во својата градење одлично ги комбинирале месопотамиската градба и грчката обработка на камен со сопствено ѕидање на нов римски начин.