From Wikipedia, the free encyclopedia
Речник — книга или збирка на зборови на одреден јазик, најчесто напишани по азбучен ред, со дефиниции, потекло, изговор и други информации;[1] или книга со зборови на еден јазик со нивни еквиваленти на друг јазик, позната уште како лексикон. Според Нилсен 2008, речник може да се однесува како лексикографски производ кој се одликува со три значајни особини: (1) бил направен за една или повеќе функции; (2) содржи податоци кои се избрани со цел да ги исполнат тие функции; и (3) неговата лексикографска структура ги поврзува и заснова врските помеѓу податоците, така што тие ќе ги задоволат потребите на корисниците и ќе ги остварат функциите на речникот.
Во многу јазици, зборовите можат се појават во различни форми, но само неделкинирани и неконјугирани форми се појавуваат како главен збор во повеќето речници. Речниците најчесто се појавуваат во форма на книга, но некои понови речници, на пример StarDict и New Oxford American Dictionary се софтверски речници кои може да се најдат на PDA уреди или компјутери. Исто така, има многу „он-лајн“ речници кои се достапни преку Интернет.
Најстарите познати речници се клинестите табли од Акадската империја, со двојазични списоци на зборови на Сумерски и Акаидски, откриени во Елба (денешна Сирија), кои датираат од околу 2300 г. п.н.е.[2] Во раниот 2 милениум п.н.е., Ура=хубулу речник е стандарната Вавилонска верзија на вакви двојазични сумерски списоци на зборови. Кинескиот речник Ирија (Erya), кој датира околу 3 век п.н.е., е најстариот еднојазичен речник што останал, иако некои извори наведуваат дека Шицупијан (Shizhoupian) „речникот“ датира од околу 800 г. п.н.е. Современите научници го сметаат како калиграфски зборник од Кинески знаци од бронзена на Чу династија. Филитас од Кос (4 век п.н.е.) го напишал речникот Откриени зборови (Ἄτακτοι γλῶσσαι, Átaktoi glôssai) којшто го обаснил значењето на ретки хомерови и други литературни зборови, зборови од локални дијалекти и техничка терминологија.[3] Аполон Софистот (1 век н.е.) го напишал најстариот останат Хомеров лексикон.[2] Амара Синха го напишал првиот Санскрит лексикон, Amarakośa, кој датира од околу 4 век н.е. Напишан во стихови и имал околу 10,000 зборови. Според Нихон Шоки, првиот јапонски речник, Niina, со кинески знаци датира од 682 г. н.е., но бил долго време изгубен. Најстариот јапонски речник кој постои, Tenrei Banshō Meigi, кој датира околу 835г н.е., е исто така речник кој е напишан на кинески јазик.
Арапски речници биле составувани помеѓу 8 и 14 век н.е., со уредување на зборовите во рима (според последниот слог), со азбучен ред на коренот или според азбучен ред на првата буква (систем употребуван во современи речници). Современиот систем бил главно употребуван за специјални речници, на пример Куранот и Хадид, додека општите речници, како на пример Lisan al-`Arab (13 век, сѐ уште најдобро познат Арапски опсежен речник) и al-Qamus al-Muhit (14 век) употребуваат подредени зборови со азбучен ред на коренот. Qamus al-Muhit е првиот прирачен речник на арапски јазик, кој составен само од зборови и нивни дефиниции, отстранувајќи ги примерите кои се употребувани во речници како што се Lisan и Речникот на англискиот јазик од Оксфорд.[4]
Најстарите современи европски речници биле двојазични речници. Најстарите во англискиот јазик биле речници со француски, италијански или латински зборови, заедно со дефиниции од странските зборови на англики јазик. Најстар неазбучен речник со 8000 англиски зборови бил Elementarie, напишан од Ричард Мулкастер во 1592 година.[5][6]
Првиот целосен англиски азбучен речник бил A Table Alphabeticall, напишан од страна на англискиот учител Роберт Каудри во 1604. Единствената останата копија се наоѓа во Бодлиевата библиотека во Оксфорд. Сепак, овој ран обид, како и бројните имитации кои следеле, се сметале за нецелосно точни и во никој случај конечни. Филип Станхоп, 4от наследник од Честерфилд, сè уште приговарал дури и во 1754 година, 150 години по објавувањето на Каудри, дека тоа е “еден начин на срамота за нашата нација, дека досега ние немаме стандард на нашиот јазик; нашите речници сега повеќе личат на она што нашите соседи од Холандија и Германија го наерекуваат книги со зборови, повеќе и од речниците во повисоката смисла на тој поим”.[7] Сè до речникот на Семуел Џонсон, Речник на англискиот јазик (1755), немало значаен и веродостоен англиски речник. Фактот што денеска многу луѓе сè уште прават грешка и веруваат дека Џонсон го напишал првиот англиски речник е сведоштво за оваа изјава.[8] Во овој период, речниците се смениле и содржеле текстуални наводи за повеќето зборови и биле подредени според азбучен ред, наместо според тема (претходно популарна форма на подредување на зборови, на пример сите животни би биле во една група итн.). Ремек-делото на Џонсон може да се процени како прво кој ги собрал овие елементи заедно, создавање на прв “современ” речник.[8]
Речникот на Џонсон останал стандарден за англискиот јазик околу 150 години, сè додека Oxford University Press започнала да го пишува и издава Oxford English Dictionary во кратки фасцикли во 1884-тата година. Потребни биле околу 50години за да се заврши работата и најпосле го издале целосниот Oxford English Dictionary во 12 тома во 1928 година. Останал најдетален и докажан англиски речник сè до денеска, со повторни проверки и ажурирање, како и надополнување на секои три месеци од страна на специјално наменет тим. Еден од најголемите придонесувачи на денешниот современ речник бил поранешен воен хирург, Вилијам Честер Мајнор, осуден убиец кој бил затворен во душевна болница за умствено болни криминалци.[9]
Според Прирачникот за специјализирана лексикографија, стручен речник (познат уште и како технички речник) — лексикон кој се ограничува на одредено поле. По описот во Двојазичниот LSP речник, лексикографите ги класифицираат стручните речници во три типови. Речник од повеќе полиња, кој детално покрива неколку полиња (на пример, бизнис речник), стручн речник од едно поле, ограничен да покрива само посебен предмет (на пример, право) и стручен речник од една тематска целина (на пример, уставно право). На пример, 23-јазичната Интерактивна терминологија за Европа е речник од повеќе полиња, Проектот за американската национална биографија е стручен речник од едно поле и проектот на Африканско—Американската национална биографија е стручен речник од една тематска целина. Во однос на разликите наведени погоре за “скратување на речници” и “проширување на речници”, речниците од повеќе полиња се насочени кон скратување на опфатноста помеѓу предметните полиња (на пример, Речникот на Оксфорд за светските религии), додека пак стручните речници од едно поле или тематска целина се насочени кон проширување на опфатноста во одредено предметно поле (Речникот на оксфорд за англиската етимологија).
Друга варијанта е зборникот, список на дефинирани термини за стручно поле подредени според азбучен ред, како на пример медицина или физика. Наједноставен речник, речник за дефинирање, кој обезбедува суштински зборник на најпростите значења на најпростите концепти. Со нивна помош, други поими можат да бидат објаснети и дефинирани, особено за тие кои го учат јазикот. Во англискиот јазик, обично ваквите речници содржат по едно или две значења на 2000 зборови. Со нивна помош, останатото од англискиот јазик, дури и до 4000 најопшти идиоми и метафори можат да бидат дефинирани.
Речниците за јазици кај кои изговарањето на зборовите не е јасно од нивниот правопис, на пример англискиот јазик, обично содржат изговор на зборот, најчесто со употреба на Меѓународната фонетска азбука (МФА). На пример, до дефиницијата за зборот dictionary (американско-англиски) има фонетски правопис: /‘dɪkʃə,nɛri/. Меѓутоа, Американските речници често употребуваат нивен систем за бележење на изговорот, на пример dictionary [dĭk'shə-nâr’ē], додека пак МФА повеќе се употребува во земјите на британскиот комонвелт. Исто така, други употребуваат ад-хок систем за обележување, на пример, dictionary [DIK-shuh-nair-ee]. Некои интернет или електронски речници имаат можност за снимено звучно изговарање.
Лексикографите применуваат две основни филозофии за дефинирање на зборовите: прописни и описни. Ноа Вебстер имал намера да направи карактеристична особеност за американскиот јазик, па го променил правописот и истакнал разлики во значењето и изговарањето на некои зборови. Затоа на американско-англиски зборот боја се пишува color, додека пак останатите земји каде што се зборува англиски го пишуваат colour. (Слично, подоцна во британскиот-англиски се прават неколку промени во правописот коишто не влијаеле врз американски-англиски; види повеќе во правописни разлики помеѓу американски-англиски и британски-англиски ). Големите речници од 20 век, на пример Oxford English Dictionary (OED) и Webster's Third се описни и настојуваат да ги опишат суштинските употреби на зборовите.
Дескриптивистите тврдат дека прескриптивизам е вештачки обид за да се пропишува употреба или скратена промена, додека прескриптивистите тврдат дека неправилното забележување на „неправилна“ или „неточна“ употреба ги скратуваат ваквите употреби и предизвикува „расипување“ на јазикот. Иако дебатата станала многу жешка, само мал дел од контроверзните зборови биле ставени под прашање. Сепак, омекнала цврстината на значењата, за разлика од претходното издание.
Прописните/описните прашања биле земени предвид во современо време, кога многу речници на англиски јазик применуваат описна метода за дефинициите, додека пак читателите за дополнително информирање на односите коишто може да влијаат на нивниот избор на зборови често земаат предвид вулгарни, непријатни, погрешни или нејасни зборови. Merriam-Webster — субтилен, само со додаден испишан систем на обележување, на пример понекогаш навредливи или нестандарни. Американското наследство оди понатаму, одделно разгледувајќи прашања за "употребување на забелешки”. Encarta дава слични забелеешки, но повеќе се прописни, нуди предупреддувања и совети против употребата на одредени зборови кои се сметаат за непристојни или нелитературни, на пример "непристоен израз за..." или “табу израз кој означува...” Поради големата употреба на речници и нивното прифаќање како авторитет на јазикот, нивниот обработување на јазикот влијае врз употребата до некој степен, дури и најописните речници имаат конзервативна доследност. Сепак, долгорочно – употребата пред сè го одредува значењето на зборовите на англиски, а јазикот се менува секој ден. Како што вели Џорџ Луи Борж во предговорот на “El otro, el mismo": “Често се заборава дека (речниците) се вештачки складишта кои се добро уредени. Корените на јазикот се ирационални и имаат магична природа”
Научните речници датираат од 6 век п.н.е. кога кинезите почнале да ги организираат нивно научно знаење, и да ги напишат на пергаменти. Бројот и видот на информација зависи од теории, видови, експерименти, есеи, истражувања и други форми на знаење. Меѓутоа, сè до 1 век п.н.е. кога почнале да го уредуваат секој пергамент за да направат научен речник. Речниците биле подредени, на "најважни” и “помалку важни” според кинески стандарди и достигнале до книжење на 8,000. Некои верзии биле пронајдени каде змејот (едно од најмоќните и древни суштества од кинески легенди) бил првото објавување во научни речници.[10] Сепак, идејата за барање на подтоци еден по еден засновани само на важност, било премногу конфузно (исто така, поради кинеските научници што не можеле да се сложат за иста дефиниција за секој натпис) и ја оставиле задачата.[11]
• A Dictionary of the English Language by Samuel Johnson (прописен)
• The American Heritage Dictionary of the English Language
• Black's Law Dictionary, правен речник
• Brewer's Dictionary of Phrase and Fable
• Chambers Dictionary
• Canadian Oxford Dictionary
• The Century Dictionary
• Concise Oxford Dictionary
• HarperCollins
• Longman Dictionary of Contemporary English
• Macquarie Dictionary, австралијански англиски речник
• New Oxford American Dictionary
• New Oxford Dictionary of English
• Oxford English Dictionary (описен)
• The Penguin English Dictionary
• Random House Dictionary of the English Language
• Merriam-Webster
• Noah Webster's An American Dictionary of the English Language (прописен)
• Webster's New World Dictionary
• Webster's Third New International Dictionary (описен)
• Webster's New Universal Unabridged Dictionary
• Double-Tongued Dictionary
• Free On-line Dictionary of Computing
• LEO (website)
• Logos Dictionary
• Pseudodictionary
• Reference.com
• Urban Dictionary
• WWWJDIC
•Bilingual dictionary •Centre for Lexicography •COBUILD, голем корпус на англиски текст •Corpus linguistics •DICT, the dictionary server protocol •Dictionary Society of North America •Electronic dictionary •Encyclopedic dictionary •Fictitious entry •Lexicographic error •Lexicography •Lexigraf •List of online encyclopedias •Machine-readable dictionary •Medical dictionary •Monolingual learners' dictionaries •OED (Oxford English Dictionary) •Reverse dictionary •Rhyming dictionary •Thesaurus •Translation dictionary •Visual dictionary •Wiktionary •WordNet
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.