Ренесансна архитектура
архитектонски стил / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ренесансна архитектура — период во историјата на архитектурата меѓу раниот XV и XVII век во различни региони на Европа, во која имало свесно заживување и развој на одредени елементи од грчката античка и римска мисла. Стилски, ренесансната архитектура ја следи готската архитектура, а подоцна е наследена од барокната архитектура.
Ренесансниот стил го става акцентот на симетријата, пропорцијата, геометријата и регуларноста на деловите како што се покажани во архитектурата на античкото време, особено во старата римска архитектура од која останале многу примери.
Уредените аранжмани на столбовите, пиластрите и надвратниците, како и употребата на полукружни сводови, хемисферични куполи, вдлабнатини и мали згради-храмови ги замениле посложените пропорционални системи и неправилните профили на средновековните градби.
Развиен прво во Фиренца со делата на Филипо Брунелески, кој се смета за еден од неговите зачетници, ренесансниот стил многу бргу се проширил и во другите италијански градови, а потоа во Франција, Германија, Англија, Русија и други места.