![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/a/aa/Rechtsgutachten_betr_Apostasie_im_Islam.jpg/640px-Rechtsgutachten_betr_Apostasie_im_Islam.jpg&w=640&q=50)
Религија во Египет
From Wikipedia, the free encyclopedia
Религијата во Египет има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Религијата e контролира од многу аспекти на општествениот живот и е одобрена со закон. На пописот на населението од 2006 година религијата не била вклучена како посебна гранка, така што бројот на припадниците на различни религии обично се груби проценки направени од страна на верски водачи и невладини агенции.
Религија во Гвинеја[1] | ||||
---|---|---|---|---|
Религија | процент | |||
Муслимани | 88 % | |||
Христијани | 10 % | |||
Останати | 2 % |
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/a/aa/Rechtsgutachten_betr_Apostasie_im_Islam.jpg/640px-Rechtsgutachten_betr_Apostasie_im_Islam.jpg)
Египет е претежно муслиманска земја, со 88% од населението кое е околу 80 милиони жители[2][3][4][5][6][7][8][9][10], додека според истражувањето кое било спроведено од страна на Мердад Изади, 86,8% од Египќаните се сунитски муслимани, 10,2% се христијани, 2,9% се шиитски муслимани а останатите 0,1% им припаѓаат на другите вери[11]. Огромно мнозинство на муслиманите во Египет се сунити. Значителен број на сунитските муслимани го следат суфизмот[11]. Постојат под 50,000 муслимани кои го следат редот Ахмадија[12]. Постојат и мал број следбеници на Мутезиле, додека бројот на Имаматите и Ислаилистите се движи од 800.000 до 2-3.000.000 верници[13][14][15].
Според Уставот на Египет, било која легислатива мора да се согласува со исламскиот закон.[16]. Членот 45 од Уставот се однесува на слободата на вероисповед на три аврамски религии (исламот, христијанството и јудаизмот), но само овие три.
Остатокот од Египќаните, кој брои меѓу 10% и 20% од населението[3], претежно припаѓаат на Коптската православна црква во Александрија или на Древноисточните цркви[2][5][6][7][8]. Според најновите испитувања, направени од страна на Папа Шенуда III во 2008 година, бројот на православните Копти во Египет е повеќе од 12 милиони верници. Други проценки направени од страна на црковните лица се проценети дека бројот на верници достигнува до 16 милиони [17]. Протестантските цркви тврдат дека нивниот број на верници е околу 300.000 Египќани[18], а сличен број на верници се претпоставува дека имаат и Коптските католици[9][10]. Врз основа на овие проценки, вкупниот број на христијаните во Египет е помеѓу 15% и 20% од вкупно население од 80 милиони Египќани. Додека некои владини извори тврдат процент од околу 6 до 10%[19][20][21][22][23][24][25][26], голем број на објавени извори како што се Washington Institute на пример, во прилог на некои коптски извори, се придржуваат дека христијаните претставуваат повеќе од 10% од вкупното население и тврдат дека тие всушност сочинуваат до 15 или дури и 20% од египетската популација[27][28][29][30][31][32].
Во земјата постои и мал процент на верници на бахајството, чиј број се проценува на околу 2.000 луѓе[25], и далеку помала заедница на евреи[33], додека бројот на атеисти не е познат. Староегипетската религија тотално е исчезната во Египет, како резултат на новите религии кои се формирале со текот на времето.
Денеска во Египет се наоѓаат две големи верски институции: џамија Ал-Азхар, која била основана во 970 година од Фатимидите и чиј универзитет е прв исламски кој бил основан, и Коптската православна црква во Александрија која била основана во средината на 1 век од страна на Свети Марко.
Во Египет, муслиманите и христијаните живеат како соседи, со споделување на заедничката историја, националниот идентитет, етничката припадност, раса, култура и јазик.[25]. Каиро е познат по своите многубројни џамиии и минариња и оправдано се нарекува „град на 1.000 минариња“[34]. Оваа религиозна сцена била нарушена преку верскиот екстремизам кога во 2006 година Египетскиот административен суд направил јасна правна разлика меѓу „признати религии"“ (односно исламот, христијанството и јудаизмот) и сите други верски убедувања[35]. Оваа одлука ефикасно ги делегитимира и забранува сите останати религии и наметнува на неаврамските верски заедници или да извршат вероломство или да се негираат преку египетските лични карти.
Во 2002 година, за време на владата на Мубарак, коптскиот Божиќ (7 јануари) бил признат како официјален празник,[36], иако коптите се жалат поради нивното минимално застапништво во државната администрација или пак истите дека често биле цел на дискриминација при вработувањето поради својата религија[37].