Редонда
From Wikipedia, the free encyclopedia
Редонда е ненаселен мал остров во Карипското Море. Островот е дел од Малите Антили, а политички е дел од државата Антигва и Барбуда.[1]. Островот е долг 1 км, широк 0,3 км и со највисока точка од 296 метри.[2] Редонда бил приклучен на Антигва и Барбуда во 1967 година.
Поглед кон островот Редонда, јужен дел. | |
Географија | |
---|---|
Место | Карипско Море |
Координати | 16°56′19″N 62°20′46″W |
Архипелаг | Мали Антили |
Должина | 1,6 км |
Ширина | 0,5 км |
Највисоко издигнување | 296 м |
Управување | |
Демографија | |
Население | ненаселен |
Дополнителни податоци | |
Часовен појас |
Редонда се наоѓа помеѓу островите Невис (Свети Кристофер и Невис) и Монтсерат (Обединето Кралство). Редонда е 56,2 км југозападно од Антигва. Островот е оддалечен 22,5 северозападно од Монтсерат и 32 километри оддалечен од Невис.
Редонда е дом на голем број птици, островот бил важен извор на гуано, особено пред да се почне со масовно производство на вештачко ѓубриво. За време на ископувањето на гуаното, на островот биле изградени неколку објекти. Денес има остатоци од овие објекти.