Региони во Турција
From Wikipedia, the free encyclopedia
Покраините во Турција се групираат во 7 пописни региони (турски: Bölge), утврдени на Првиот географски собир одржан во 1941 г. во Анкара.[1] Во овој контекст, регионите имаат чисто статистичка улога, и затоа не претставуваат административни единици. На списокот е наведен секој регион со покраините што ги опфаќа. Границите на покраините не се совпаѓаат со границите на регионите, туку покраините припаѓаат на оној регион во кој имаат највеќе територија.