From Wikipedia, the free encyclopedia
Ова е разговорната страница за расправа во врска со подобрувања на статијата „Љубомир Цуцуловски“ |
||||
---|---|---|---|---|
|
|
Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 15:58, 1 јуни 2010 (CEST), управуван од Brest.
Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 03:56, 6 август 2010 (CEST), управуван од Brest.
Зошто измената вметната под заглавје Критики денес е отстранета? Како може да претставува јавна критика вандализам, посебно ако за тема јавната критика ги има идеите на во овој случај македонскиот филозоф Љубомир Цуцуловски? Зарем не претставува ова своевидна цензура? Немате правило за оваа цензура, но ја применувате! Ако немате правило, тогаш за правило ја земате субјективноста на Љубомир Цуцуловски? Сега, ние бараме, од администраторот Кирил Симеоновски да ја врати измената, бидејќи нема правило за цензура, а применува цензура. Дури оваа цензура е вистински вандализам. На барање на авторите на измената.
````Мара
Ако се‘ она било причина што е подолу наведено од Ваша страна зошто тогаш во почетокот ја одобривте измената а потоа ја променивте односно ја избришавте? По чиј налог?
Како тоа текстот не бил напишан на непристрастен стил? Ајде да го корегираме тогаш! Или не била таа причината туку нечиј налог?
Веродостојноста на критиките изнесени кон Цуцуловски ќе ја проверите откога ќе ја прочитате книгата, инаку како? Ајде кажете ми како инаку ќе ја потврдите веродостојноста?
Реченицата „Се придржувам до едно од основните правила на секоја критичка расправа: на јавно објавено мислење, а мојата книга е јавно објавена, треба да се одговори со јавна критика“ е ВЕРОДОСТОЈНА. Еве и линк до ВЕРОДОСТОЈНОСТА: http://zahovistika2.blog.mk/2011/02/16/moralniot-hipokritizam-na-marksijaninot-cuculovski/ Дали почитуван Симеоновски сакате да ви ја дадам и лозинката од мојот личен имејл за да си ја потврдите ВЕРОДОСТОЈНОСТА читајќи ја мојата преписка со Цуцуловски?
Па, ви реков, тврдењата и критичкото мислење се поткрепени со книгата, а јас ве замолив во приватна порака на фејсбук да го корегирате линкот до книгата Аргументи за антифилозофија, односно да го ставите во функција! Вие што правите, освен што не‘ цензурирате! Ако се работи за вандализам, еве еден пример! Затоа ве молам, ставете го линкот во функција, бидејќи ако можат сите без проблем да се поврзат со страницата до книгата во засебен таб, можете и вие како администратор да го решите.
Ако примате налози и сугестии од Цуцуловски, добро би било да го прашате дали тој бил „децениски раководител на катедрата за марксизам на Филозофски факултет при УКИМ во Скопје и ментор на Политичката школа на СКЈ во Кумровец“. Самиот ќе ви потврди, а ако негира, ние дури тогаш ќе ви дадеме автентичен доказ дека ги држел овие позиции.
Значи извор беше наведен, ваше беше да го ставите линкот во функција, но наместо тоа, веднаш по налог ја отстранивте измената и не‘ цензуриравте. Стилот беше непристрастен бидејќи изворот е автентичен. Содржината беше разумна затоа што се базира исто така на автентичен извор. Налогодавачот ќе ви потврди.
Ние ве обвинуваме за цензура, бидејќи прво ја ОДОБРИВТЕ измената, а по сугестија на налогодавачот, ја ЦЕНЗУРИРАВТЕ утредента. Ви благодарам на непристрастноста до пред да западнете под влијание на налогодавачот.
Мара (разговор) 00:38, 28 мај 2012 (CEST) Мара
Зошто да биде личен напад кога вие навистина ја одобривте измената а потоа по налог на г-дин Цуцуловски ја цензуриравте.
Ако немате примено порака на фејсбук значи е испратена на погрешен профил.
Значи, очигледно е дека Цуцуловски ви бил налогодавачот. Тогаш, како што реков, во претходното заглавие, прашајте го самиот Цуцуловски и ќе ви верификува она што ние го наведуваме, штом веќе се консултирате со него.
Како не може да се смета за веродостоен извор линкот до блогот кога од овој линк се гледа дека таа реченица е испратена од Цуцуловски? Пак ве прашувам дали сакате да ви дадам лозинка од мојот личен имејл да ги верификувате зборовите на Цуцуловски? Или пак прашајте го самиот Цуцуловски!
Линкот до книгата функционира, пробајте во new tab. Ваше е да го ставите во функција како администратор на Википедија.
Мара (разговор) 01:48, 28 мај 2012 (CEST) Мара
Значи, на крајот, изразивте добра волја да го отворите линкот во нов таб и да се уверите, спротивно на она што го тврдевте, дека изворот постои.
Сега, вашата мака е што немате пристап до текстот на книгата. Ќе ви ја скратам и оваа ваша породилна мака:
http://www.mediafire.com/view/?cpcx4r6cft242pm
Па, самите само што признавте дека сте ја отстраниле измената.
Разумното решение е во книгата. Или во ДОБРАТА ВОЛЈА на вашиот налогодавач да ги потврди информации а не да молчи злобно.
Мара (разговор) 02:16, 28 мај 2012 (CEST) Мара
Значи, даден ви е линкот до самиот текст на книгата: http://www.mediafire.com/view/?cpcx4r6cft242pm Даден ви е доказ дека Цуцуловски бил ментор на Политичката школа во Кумровец: http://i38.tinypic.com/345gb9e.jpg Даден ви е доказ дека Цуцуловски рекол „на јавно објавено мислење очекувам јавна критика“: Проверете Форум, колумна Таинствени микроби, 2009 година.
СИТЕ ПРАВИЛА НА ВИКИПЕДИЈА СЕ ПОЧИТУВАНИ. Освен вие ако и понатаму продолжите да ја преземате улогата на цензурирач по налог на некој друг и да не сакате да ја вратите измената.
Мара (разговор) 03:21, 28 мај 2012 (CEST) Мара
Изјавата на Цуцуловски дека на „јавно објавено мислење очекува јавна критика“ не е дадена од лична преписка, туку од колумна Таинствени микроби во авторство на Цуцуловски објавена во Форум 2009 година. ПРОВЕРЕТЕ. Или ЈАВЕТЕ МУ СЕ НА ЦУЦУЛОВСКИ ДА ВИ ПОТВРДИ. Се разбира, ако вие како администратор имате ДОБРА ВОЛЈА.
Значи, вие ја спорите и веродостојноста на јавно објавената книга? Книгата секако дека е објавена од утврдена издавачка куќа Lulu. www.lulu.com Сега е до вас да покажете добра волја и да проверите дали е така. Нашата книга има свој ISBN (International Standard Book Number), ваше е да проверите!
Па зарем не гледате кои се автори на книгата? Прочитајте од самата книга! Но, да ви ја скратам породилната мака. Автори на книгата АРГУМЕНТИ ЗА АНТИФИЛОЗОФИЈА се ЛАЗАР ГОГОВ и ТОМИСЛАВ ЗАХОВ. Нашата критика дава точни заклучоци зошто квазисоцијализмот или ленинизмот пропадна што не го имаат направено ниту еден филозоф на 20-от век па заклучно и Цуцуловски. Затоа е енциклопедиски значајна за спомнување и да се знае.
За да ги поткрепите информациите дадени во „Критики“ јавете се во редакција на Форум за да ви потврдат дека изјавата на Цуцуловски „на јавно објавено мислење...“ е валидна: 02 32 30 940, или 02 32 30 941.
Тоа дека Цуцуловски бил ментор на Политичката школа на СКЈ во Кумровец е потврдено и од него самиот низ многу негови изјави во дневни весници. Или, побогу, покажете добра волја и прашајте го самиот Цуцуловски.
Нашата книга „Аргументи за антифилозофија“ е веродостоен извор бидејќи е објавена од реномирана издавачка куќа LULU со свој ISBN.
Сега, останува на вас да ги проверите податоците. Но, запомнете вистината и кога не знае да се брани, стои исправена! Вистината кога ја исфрлате низ врата (Википедија) таа ви влегува низ прозорец.
46.217.122.55 (разговор) 11:00, 28 мај 2012 (CEST) Мара
Уште нешто, за изјавата на Цуцуловски дека бил ментор на Политичката школа на СКЈ во Кумровец видете писмото на Цуцуловски против новинарот Мартин Треневски објавено во Нова Македонија.
46.217.122.55 (разговор) 11:05, 28 мај 2012 (CEST) Мара
Во 2011 година, македонскиот филозоф Љубомир Цуцуловски на авторите Лазар Гогов и Томислав Захов им поставил услов
„Се придржувам до едно од основните правила на секоја критичка расправа: на јавно објавено мислење, а мојата книга е јавно објавена, треба да се одговори со јавна критика“
и
Книгата „Аргументи за антифилозофија“ е марксистички одговор на идеите на Љубомир Цуцуловски презентирани во негови различни книги и есеи. Авторите Гогов и Захов ја насловиле оваа книга „Аргументи за антифилозофија“ бидејќи тврдат дека филозофијата на 20-от век била одговорна за неоткривање и неспречување на создадената кобна заблуда во теоријата и праксата на социјализмот, односно комунизмот, од страна на политичарите самопрогласени како комунисти, и оттука нејзината историска улога на филозофија на праксата банкротира и со тоа го загуби својот статус на наука за општеството. Во таа смисла, според авторите Гогов и Захов, Љубомир Цуцуловски кој бил децениски раководител на катедрата за марксизам на Филозофски факултет при УКИМ во Скопје и ментор на Политичката школа на СКЈ во Кумровец, сноси историска одговорност пред работничката класа и човештвото.
Овој текст ќе стои во статијата седум дена од денес со шаблони „Се бара извор“. Доколку во рок од седум дена не се даде извор за овие три пасуси, текстот ќе биде отстранет. Овие правила не сме ги измислиле ние на македонската Википедија, туку се прифатени за сите изданија на Википедија а потекнуваат од англиската Википедија која е прво издание на овој проект. Никој не ги спори тука трите автори, само ни требаат извори. Сè најдобро--Никола Стоіаноски 11:09, 28 мај 2012 (CEST)
Со оглед на чувствителноста на темата на статијата и на наведените извори, предлагам проблемот да биде разрешен систематски, т.е. во неколку чекори:
Ќе ве замолам на мислења. Благодарам.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:35, 28 мај 2012 (CEST)
1. Тврдење: „Љубомир Цуцуловски бил децениски раководител на катедрата за марксизам на Филозофски факултет при УКИМ во Скопје“.
Веродостоен извор за ова тврдење, искрено, немам, освен колумните на Цуцуловски во Нова Македонија во почетокот на последната декада од 20-от век. Електронска архива на броевите на Нова Македонија има само од 2009 година. Друго решение е лично да го прашате Цуцуловски бидејќи Симеоновски самиот призна дека по налог на Цуцуловски ја цензурирал измената.
2. Тврдење: „Љубомир Цуцуловски бил ментор на Политичката школа на СКЈ во Кумровец“.
Ова е потврдено и од самиот Цуцуловски низ многу негови изјави во дневни весници. Или прашајте го самиот Цуцуловски. Или проверете во Писмото на Цуцуловски против новинарот Мартин Треневски објавено во Нова Македонија во почетокот на последната декада од 20-от век. Електронска архива нема за овој период. Друг посреден доказ е и тврдењето на новинарот Крум Велков во својата колумна „Катарза“: http://i38.tinypic.com/345gb9e.jpg
3. Тврдење: „Љубомир Цуцуловски изјавил дека на јавно објавено мислење очекува јавна критика“.
Проверете во магазин Форум, колумна Таинствени микроби, 2009 година. Јас се јавив во редакцијата на Форум оттаму ми рекоа дека сите броеви на Форум се архивирани и дека не можеле да ми кажат во кој број на Форум е објавена колумната Таинствени микроби во авторство на Цуцуловски каде изјавува дека на јавно објавено мислење очекува јавна критика. Или прашајте го лично Цуцуловски со кој заткулисно се консултирате.
ЗАКЛУЧОК: Измената не ја објавувајте се‘ додека не се најде решение на спорот. А дотогаш јас ветувам, давам збор, дека ќе ги обезбедам сите ДОПОЛНИТЕЛНИ веродостојни извори. Но, бидејќи вие работите по нечиј налог пак нема да ја објавите измената. Запомнете го ова кога во Разговорот ќе објавам дополнителни веродостојни извори на „Критики“ дека вие така ќе постапите.
46.217.122.55 (разговор) 13:14, 28 мај 2012 (CEST) Мара
Симеоновски тврди: „Најдобро е изворите да се бараат на официјални мрежни места, статии објавени во весници или официјални записи од страна на авторот.“
Ви ги дадов тие извори. Но, вие упорно тврдоглаво ги негирате без никаква основа. И повторно ве прашуваме, доколку веќе работите по налог на Цуцуловски, побарајте му го целосното CV, кое ќе стави крај на маглата којашто ја ширите.
Авторот на книгата е како што е објавено неговото име на насловната страница на книгата, не „Томислав Захов-Мара“, туку Томислав Захов. Побогу, Симеоновски дали читате работи што ги нема на насловната страница или читате работи што сакате да ги читате? Па, нели вие бевте оној што инсистира дека блоговите се неверодостоен извор на информации? Зошто сега се користите со такви извори? Што сакате да постигнете? Кого сакате да дискредитирате?
„Мнозинството критичари“ не се работничката класа. Тие беа авангардата. Тие секогаш ќе ги бранат своите позиции кои тогаш ги имаа. Но, ниту ние нема да отстапиме. Впрочем, вие Симеоновски самите си признавте дека не сте стручен од оваа област. Тогаш, со кое знаење вие ме критикувате дека нашата критика е пристрастна? Ни харизма, ни интелигенција не помага тука, освен аргументи. А вие аргументирате врз основа на незнаење. А незнаењето не е аргумент, вели Спиноза. На крајот на краиштата ако вашето „мнозинство на критичари“ не го делат истото мислење со нас, нека повелат, на нашето јавно објавено мислење нека објават јавна критика!
Никаде не сум дал „надворешни врски кои водат кон страници кои не нудат повеќе информации за личнста и кои претставуваат лични блогови или форуми“. Тоа само вие си го измислувате.
46.217.122.55 (разговор) 13:18, 28 мај 2012 (CEST) Мара
Мара, книгата која е приложена НЕ е веродостоен извор. Lulu не е реномирана издавачка куќа, оти таа дозволува самоиздавање Насловната страница вели SELF-PUBLISHING. Не е наша работа да бараме ISBN, туку е на вас да дадете веродостојни извори. Јас не ја познавам личноста за која е статијата, ниту авторите на критиките, ниту корисникот Мара, ниту пак имам интерес во нивната работа. Затоа не мислете дека работиме под некакви налози. Ние, сепак сме волонтери, а не платеници, кои сакаат да напишат точна и квалитетна енциклопедија.
До сите вмешани корисници, правилата се јасни. Ова ќе го кажам само еднаш и нема простор за никаква друга дискусија: во биографии за живи лица, не можат да стојат информации без веродостојни извори. Нема простор за никакви компромиси, рокови или систематски решенија, ова не е играчка, станува збор за сериозна работа.
Бидејќи не е поткрепен со веродостојни извори, јас ќе го тргнам спорниот пасус. --Brainmachine (разговор) 20:28, 28 мај 2012 (CEST)
Да, Лулу е реномирана издавачка куќа, преку неа издаваат свои дела познати марксистички автори. Тоа што дозволува самоиздавање не ја намалува воопшто нејзината реномираност и со ништо не ја намалува веродостојноста на информациите што ги нудиме во нашата книга. Ако имаш пари можеш да платиш одреден тираж однапред кај секоја македонска издавачка куќа, на пример Аз-Буки. Ако немаш, во нашиот случај, бевме принудени да ја објавиме книгата кај Лулу бидејќи таа овозможува печатење на книги по нарачка, а не однапред плаќање на одреден тираж. ISBN на нашата книга е следниот: 5800083216528. Не било ваша работа да барате ISBN, а го пишува на задната страница на книгата. Да, вие работите по налог на Цуцуловски. Кирил Симеоновски самиот призна дека Цуцуловски додека ние спориме интервенирал измената никако да не се објавува оти била „контроверзна“. Вие не сакате да напишете точна и квалитетна енциклопедија. Вие ги цензурирате веродостојните информации кои ви ги даваат, како во овој случај, се разбира, бидејќи потпаѓате на влијание на авторитетот на налогодавачот. Веродостојни извори на приложените информации ви дадов: 1.Колумна Таинствени микроби, Форум, 2009 (дури се јавив денес во библиотека Гоце Делчев, Штип, да ми го најдат бројот на магазинот каде е објавена колумната, утре ќе се јавам за исходот) 2.Писмо на Цуцуловски до Мартин Треневски, Нова Македонија, нема електронска архива, 3.Колумна на Крум Велков, Глас: http://i38.tinypic.com/345gb9e.jpg 4.Лична имејл преписка меѓу еден од авторите на Аргументи за антифилозофија и Цуцуловски: http://farm8.staticflickr.com/7078/7286745700_cc14c1e3b9_b.jpg Вие се однесувате несериозно, прво ја објавувате измената, па ја цензурирате, па пак ја објавувате под услов да доставам дополнителни веродостојни извори, и сега повторно ја цензурирате со бесмислени оправдувања.
77.29.228.223 (разговор) 23:59, 28 мај 2012 (CEST) Мара
До какви одредени мислења вие сакате да дојдете преку блог кој според вас претставува „неверодостоен извор на информации“! Што сакате да постигнете и кого сакате да дискредитирате? За да видам дека разумно размислувате треба да дадете контра-аргумент, а вие цело време ја верглате истата изветвена грамофонска плоча „неверодостоен извор на информации“. За кои тврдења немам докази? Не, професорот, самиот во негова колумна Таинствени микроби не‘ повикува на неговите јавни објавени мислења да дадеме јавна критика. Но, сега, кога јавна критика постои, нема смелост од негова страна да допушти (што е сосема авторитарно, неаргументирано и малограѓански) јавната критика да биде споделена како „Критики“ како што има на секои биографии на мртви или живи автори. Вие не сте докажале дека фактите презентирани во нашата книга се измислени туку само тврдите дека се измислени, а јас ви дадов две колумни и писмо како сосема веродостојни извори. Дури проверив на биографии на други живи македонски автори, како веродостојни извори на информации наведувате и колумни од Форум, истиот магазин кој ви го наведувам и јас, меѓутоа очигледно е дека не сте објективни и крајно пристрастни. Само не знам што вие добивате со оваа цензура, освен што се дискредитирате самите себе. Страната што е цензурирана по налог е обесправена и според тоа никако не може сите страни да бидат задоволни.
П.С. Reason has always existed, but not always in a reasonable form - Marx, Letter from the Deutsch-Französische Jahrbücher to Ruge (1843).
77.29.228.223 (разговор) 23:48, 28 мај 2012 (CEST) Мара
Самоубиствено смешни сте Симеоновски. Не можете да ги спорите другите информации, се озабивте на тврдењето дека „Љубомир Цуцуловски бил децениски раководител на катедрата за марксизам на Филозофски факултет при УКИМ во Скопје“. Се консултирате со Цуцуловски и работите по негов налог, а не му барате CV. Хомодуплексно до аверзија! Секако дека ќе најдам веродостоен извор и за оваа информација но велам вие пак бидејќи работите по налог на Цуцуловски нема да ја вратите измената. Како може и други автори да го критикуваат за исти работи? И како може други автори да бидат изедначени со мнозинството во општеството? Јас ви дадов докази дека информациите не се измислени но вие сакате со мене да играте hide and seek, што е мошне безобразно. Ви дадов колумна од Цуцуловски која директно го потврдува нашето тврдење за поставениот услов од негова страна. Ви дадов колумна од новинар кој исто така го потврдува професионалниот ангажман на Цуцуловски што го имал за време на СФРЈ во Кумровец. Ви наведов писмо од Цуцуловски до новинар каде признава дека бил ментор во Кумровачката политичка школа. А вие крајно дрски велите „малата веродостојност на „Вашето“ дело“. А чие е делото? Да, вашето е претпоставка, моето е верификувано од горенаведените извори.
77.29.228.223 (разговор) 00:09, 29 мај 2012 (CEST) Мара
Постојано вие ме обвинувате дека лажам дека не давам веродостојни извори иако со ништо не контра-аргументирате на изворите што ви ги давам. Што е тоа ако не личен напад? Секако дека работите по налог на Цуцуловски штом не сакате да се консултирате околу неговиот професионален ангажман во СФРЈ. Просто е очигледно. Прво, немате контра-аргумент дека изворот е измислица за да велите дека сите други извори се измислица. Второ, вие ниту знаете што е конструктивност бидејќи постојано како верски фанатаци извикувате неверодостојни извори без да дадете контра-аргумент. Вие расудувате априори. Трето, нели ми оставивте 7 дена да најдам дополнителни веродостојни извори, а сега ме обвинувате поради недостиг на доказ за една информација сите останати биле неверодостојни. Се сомневате. Имате право. Но, дадете контра-аргумент. Срамота!
77.29.228.223 (разговор) 00:33, 29 мај 2012 (CEST) Мара
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.