Птоломејска династија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Птоломејската династија — македонско кралско семејство која владеела со Египет речиси 300 години, од 323 п.н.е. до 30 п.н.е.
Птоломејска династија | ||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Фараон Птоломеј Сотер, Британски музеј | ||||||||||||||
Земја | Стар Египет, Античка Македонија, Антички Рим | |||||||||||||
Основана | 305 п.н.е. | |||||||||||||
Основач | Птоломеј I Сотер | |||||||||||||
Последен владетел | Клеопатра и Птоломеј XV Цезарион (Ргипет) Птоломеј Филаделф (Сирија) Птоломеј) (Мавританија) | |||||||||||||
Последен член | Друсила | |||||||||||||
Титули | Фараон Василевс на Египет Крал на Македонија Крал на Мавританија Крал на Сирија Крал на Кирена | |||||||||||||
Распад | 79 | |||||||||||||
Крај на владеењето | 279 п.н.е.(Македонија) 30 п.н.е.(Египет) 40 (Мавританија) |
Птоломеј, еден од седумте телохранители и генерали на Александар III Македонски бил назначен за сатрап на Египет по смртта на Александар во 323 п.н.е. Птоломеј 305 п.н.е. се прогласил за Крал Птоломеј I, подоцна познат како Сотир (спасител). Египќаните брзо ги прифатиле Птоломејците како вистински наследници на фараоните на независен Египет. Династијата на Птоломеј владеела со Египет до Римското освојување во 30 п.н.е.
Сите машки владетели од династијата го носеле името Птоломеј. Кралиците пак, од кои некои биле сестри на своите сопрузи, обично се викале Клеопатра, Арсиноја или Береника. Најпозната во низата на оваа династија е последната владетелка - Клеопатра VII, позната по својата улога во политичките борби во Рим помеѓу Јулиј Цезар и Помпеј, а подоцна и помеѓу Октавијан и Марко Антониј. Нејзиното самоубиство по покорувањето на Египет од Рим го означува крајот на династија.