Психо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Психо — американски трилер/хорор-филм; еден од најпознатите на британскиот режисер Алфред Хичкок. Снимен е во црно-бела техника според истоимената новела на Роберт Блок од 1959 во која се опишува животот на Ед Ген — убиецот од Висконсин. Улогите во оригиналниот филм ги толкуваат Џенет Ли, Ентони Перкинс, Мартин Балзам, Џон Гавин, Вера Мајлс и Сајмон Оукленд.
„Психо“ | |
---|---|
Режисер | Алфред Хичкок |
Продуцент | Алфред Хичкок |
Главни улоги | Ентони Перкинс Вера Мајлс Џон Гавин Мартин Балзам Џон МекИнтире Џенет Ли |
Музика | Бернард Херман |
Кинематографија | Џон Л. Рузел |
Монтажа | Џорџ Томасини |
Студио | Shamley Productions |
Дистрибутер | Paramount Pictures |
Премиера | јуни 16, 1960 |
Времетраење | 109 минути |
Земја | САД |
Јазик | англиски |
Буџет | $806,947 |
Бруто заработка | $592.6 милиони |
Филмот на Хичкок се смета за еден од најзначајните филмови на сите времиња и котира високо во речиси сите списоци за најдобри филмови. Причина за ова се влијанијата од европскиот уметнички филм што Хичкок ги внесува во приказната, камерата и монтажата, притоа внесувајќи графички нудизам и насилство до претходно невиден степен во Холивуд. „Сцената под тушот“ денес е икона во рамките на поп-културата и според многумина, претставува предвесник на слешер филмовите што ќе процветаат во текот на ’70-те.
Оригиналниот Психо има три продолженија со многу послаб успех (во 1983, 1986 и 1990) од кои последното е наменето за телевизијата. Ентони Перкинс ја повторува својата улога како Норман Бејтс во секој од овие филмови. Во 1998 година, Гус ван Сант го режира римејкот за кој добива две Златни Малини, награди за најлош римејк и за најлош режисер.