Псевдоним
From Wikipedia, the free encyclopedia
Псевдоним е фиктивно име што се користи од страна на лице, а понекогаш и група.
Псевдонимите често се користат да се сокрие вистински идентитет на поединецот, како што е случај со имињата на доста од писателите , графити-уметниците, борците на отпорот или терористите (воено име) и компјутерски хакери. Глумците, музичарите, и другите изведувачи понекогаш користат поинакви сценски имиња, честопати да го скријат своето етничко потекло или за поголема популарност. Честопати псевдонимот е најдобрата слика на поединецот и истиот го опишува.
Терминот потекнува од грчкиот збор ψευδώνυμον (pseudṓnymon), буквално "лажно име", од ψεῦδος (pseûdos), "лага" и ὄνομα (ónoma), "име". Псевдонимот е различен од алонимот, кое е име на друга вистинска личност.