Прст
From Wikipedia, the free encyclopedia
Прст е дел од органите рака и нога и кој се користи за манипулција и чувство за допир кај човекот и приматите.[1][2] Нормално, човекот има пет прсти на секоја рака и нога, со исклучок на вродените мани и губењето прсти. На раката секој прст има свој назив, за разлика од прстите на нозете, па така има палец, показалец, среден прст, домал прст и мал прст. Секој прст содржи голем број нерви и крајни рожести завршетоци познати како нокти кои служат за заштита на врвовите на прстите.