From Wikipedia, the free encyclopedia
Профил – во ликовната уметност еден од начини на портретирање, сликата на главата прикажан од страна, под аголд од 90 степени. Профилот може да биде лев или десен, во зависност на која страна е свртена главата. Ако аголот на главата е меѓу анфас и профил, станува збор за „полупрофил“. Понекогаш се користи и поимот „три четвртини профил“ за полупрофил со агол на главата од 45°. Ако аголот на главата е поголем од 90°, таквиот профил се нарекува изгубен профил (profil perdu). Профилот може, како и за портретот, да се однесува на сликата на главата, но исто така и за градите, како и целата фигура на лицето.[1]
Зборот профил доаѓа од италијанскиот збор profilo = основни црти (од profilare - оцртува). Во македонскиот јазик дошол од францускиот profil.
Во уметноста на старите цивилизации на Близок ИстокБлискиот Исток, а особено во египетската до 14 век пр.н.е. до фараонот Екнатон, портретите били стилизирани, а на сличностите не им се придавало големо значење.
Во средниот век, кон крајот на 14 век, во Бургундија и Франција почнале да се изработуваат портрети насликани на мали дрвени плочи, прво во профил, а потоа и во останатите погледи.
Во ренесансата, меѓу 1450 и 1500 година били популарини портрети во профил вдахновени од античките медалјони. Медалјоните со своите двострани слики инспирирале краткотрајна „мода“ на двострано сликање. Релативно рано северноевропските сликари го напуштаат профилот и почнуваат сликање на портрети со реалистичен волумен и пропорции.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.