Протестантство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Протестантство или протестантизам — религиозно движење кое се одвоило од Римокатоличката црква во времето на реформацијата во Европа во 16 век. Поимот за првпат бил употребен во 1529 година од страна на Мартин Лутер како протест кон Римокатоличката црква[1]. Називите протестант иил пак протестантизам произлегле од тоа што приврзаниците на германскиот монах Мартин Лутер вложиле протест во Рајхстагот во Шпајер во 1529 против одлуката на католичкото мнозинството со која се забранувале какви било промени во католичката црква. Главното мислење на протестантската реформација од 16 век било да се исфрлат строгите правила и традиции на католичката црква и верниците да се концентрираат на Исусовото учење од новиот завет на Библијата наместо на Стариот завет.
Денеска, Протестантството претставува една од трите основни деноминации во христијанството. Од околу 2.100.000.000 христијански верници во светот, 580.000.000 се протестанти, што претставува околу 27%. Според некои теолози, секоја христијанска вероисповед, која не припаѓа на Римокатоличката или Православната црква, всушност е протестантско.
Еден од првите протестантски реформатори бил свештеникот Јан Хус, професор по теологија, словен, кој живеел на територијата на денешна Чешка и кој станал маченик за верата во 1415 година. Хус поучувал дека Писмото е поважно од традициите. протестантската реформација се проширила по цела Европа во 1517 година, кога друг католички свештеник и професор по теологија, Мартин Лутер, ја повикал на обнова католичката црква. Тој велел дека кога Библијата е во конфликт со црковните преданија, тогаш е потребно да се потчинуваме единствено на Библијата. Лутер изјавил дека црквата постапува неправилно со тоа што дава можност да се купуваат индулгенции (потврди за простени гревови) преку кои луѓето ќе можат да влезат во рајот. Тој исто така тврдел дека спасението единствено се добива преку верата во Христос, а не се “заработува” преку вршење добри дела. Денес протестантската реформација е распространета низ целиот свет. Како резултат на тоа се оформиле цркви, како што се лутеранската, методистичката, англиканската, а потоа и баптистичката, пентскостната и други.
Евангелско протестантските цркви веруваат дека секој христијанин одговара за својот духовен живот н секој треба да ја чита и проучува Библијата. За ова убедување тие се потпираат врз учењето од Дела на Апостолите (17:11) каде што се вели: “Овие беа поблагородни од солунјаните; тие го примија словото со голема усрдност и секој ден го испитуваа Писмото, дали е тоа така. Библијата исто така нѝ зборува “да го скриеме” Божјото Слово во срцата, за да не му грешиме на Бога (Псалм 118 (119):11). Апостол Павле го пофалува Тимотеј, велејќи: “Бидејќи уште како мал ги знаеш Светите Писанија, што може да те направат мудар за спасение преку верата во Христа Исуса.” (2 Тимотеј 3:15).