Протестантска реформација
From Wikipedia, the free encyclopedia
Реформација — верско-политичко движење насочено против католичката црква коешто го започнал германскиот свештеник Мартин Лутер во 1517 година и завршил со Вестфалскиот мир во 1648. Лутер се противел на политиката на папата на продавање проштални писма за гревовите, наречени индулгенции, како и на некои теолошки сфаќања на католичката црква.
Резултат на движењето на Лутер е разбивањето на единството на католичката црква. Тој ги поставил основите на протестантството, кој заедно со православието и католицизмот е една од доминантните конфесии во христијанството.