Претставнички дом на САД
долен дом на конгресот на САД / From Wikipedia, the free encyclopedia
Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави (англиски: US House of Representatives) е еден од двата дома на Конгресот на САД. Другиот дом е Сенатот на САД.
Претставнички дом на САД | |
---|---|
Тип | |
Тип | |
Историја | |
Основан | 1789 година, Вашингтон |
Водство | |
Спикер на Претставничкиот дом | |
Состав | |
Места | 435 |
Зборно место | |
Мрежно место | |
house.gov | |
Устав | |
Устав на Соединетите Американски Држави |
Соединети Американски Држави |
Оваа статија е дел од темата: |
|
Сојузна влада
Законодавство
Претседателство
Правосудство
Избори
Политички партии
Поделба
|
|
Секоја сојузна држава на САД во Претставничкиот дом е застапена со одреден број на претставници што е пропорционален на нејзината популација. Секоја сојузна држава мора да има барем еден претставник.
Вкупниот број на претставници е 435 и тие имаат двогодишен мандат.[1]
Најнаселената држава, Калифорнија, на изборите во 2007 имала 53 претставници, а истата година на 4 Јануари демократката Ненси Пелоси била избрана за прва жена претседател на овој дом. [2]
Бидејќи претставниците се избираат од помали и похомогени изборни окрузи отколку сенаторите, Претставничкиот дом се смета за многу повеќе партиски поделен.
Со Претставничкиот дом раководи претседател или спикер кој се избира од страна на претставниците, традиционално тој доаѓа од мнозинската партија.
Институцијата има некои ексклузивни права, како на пример да иницира закони за даноци, да покренува интерпелации и да го избира Претседателот на САД, само во случај на нерешен резултат од непосредни претседателски избори.
Претставничкиот дом на САД заседава во законодавниот објект на Капитол, во главниот град Вашингтон, што се наоѓа во Округот Колумбија.
Моментално, функцијата Претседател (Спикер) на Претставничкиот дом ја врши републиканецот Кевин Мекарти, кој беше избран на 7 Јануари 2023 година.[3]