Претседател на Русија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Претседателот на Руската Федерација (рус. Президент Российской Федерации) е шеф на државата и врховен командант на Руската Федерација. Иако самиот устав не одредува дека претседателот е шеф на извршната власт, извршната власт де факто е поделена помеѓу претседателот и премиерот (шефот на владата). Моментален претседател на Русија е Владимир Путин во својот втор мандат (2012-).
Кратки факти Претседател на Руската Федерација Президент Российской Федерации, Седиште ...
Претседател на Руската Федерација Президент Российской Федерации | |
---|---|
Претседателски стандард | |
Седиште | Кремљ |
Назначувач | избори |
Мандат | 6 г.; огран. на 2 последователни мандата |
Прв функционер | Борис Елцин |
Создадена | 10 јули 1991 |
Место во наследниот ред | Премиер на Русија |
Мреж. место | президент.рф (руски) (англиски) eng.kremlin.ru |
Затвори
Пред 25 декември 1991 г. шефот на владата се нарекувал Претседател на Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република (руски: [Президент Российской Советской Федеративной Социалистической Республики] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help)).