шеф на државата на Естонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Претседател на Република Естонија (естонски: Eesti Vabariigi President) — шеф на државата на Република Естонија.
Претседател на Република Естонија
Eesti Vabariigi President | |
---|---|
Знаме на претседателот на Естонија | |
Седиште | Кадриорг Талин |
Назначувач | Ријгикогу Кругови I-III Изборно тело Кругови IV и понатаму |
Мандат | пет години еден реизбор, последователно |
Прв функционер | Константин Пјатс 24 април 1938 |
Создадена | Устав на Естонија |
Плата | 72.723 €[1] |
Мреж. место | president.ee |
Естонија е парламентарна република, во која претседателот има церемонијална улога без извршна власт. Претседателот е обврзан да го замрзне членството во политичка партија за време на неговиот мандат. По добивањето на мандатот, власта и надлежноста на претседателот во сите други избрани служби автоматски прекинуваат. Овие мерки теоретски треба да му помогнат на претседателот да биде посамостоен и непристрасен.
Претседателот е избиран од Ријгикогу (естонското Собрание) или специјално изборно тело на пет години. Изборното тело се состанува во случај кога ниеден кандидат не обезбедува двотретинско мнозинство во Собранието по три одржани круга на гласање. Изборното тело, кое се состои од сите членови на Собранието и избраните претставници на сите локални самоуправи (најмалку еден од секоја општина, но не повеќе од 10 претставници, што зависи од бројот на жители со право на глас по општина), го избира претседателот, помеѓу двајцата кандидати со најмногу гласови.
Претседателот има мандат од пет години. Може да биде избран повеќепати, но не повеќе од двапати последователно.
Моментален претседател на Естонија е Керсти Калјулајд, која стапила на функцијата на 10 октомври 2016 година.[2]
Создавачите на првиот естонски устав, од спомените на злоупотребата на моќта од руските цареви, се обиделе да избегнат концентрација на премногу моќ во рацете на еден човек со сите можни средства. Ова на крајот довело до создавање на ултра-парламентарен систем. Моќта на Собранието (Ријгикогу) била практично неограничена. До 1934 година, условен шеф на држава бил Државниот старешина (riigivanem), кој исто така служел „де јуре“ и како претседавач на кабинетот — официјално познат како „Владата“. Меѓутоа, не можел да има рамнотежна улога при конфликт помеѓу Собранието и Владата. Државниот старешина и Владата биле целосно зависни од Собранието и можеле да бидат отпуштени во секое време. Функциите кои обично ги извршува претседателот во парламентарните системи биле поделени помеѓу претседателот на Собранието, Државниот старешина и Владата.
Уставот на Естонија бил изменет во 1933 година, воспоставувајќи посилен претседателски систем. Шефот на државата, според новиот устав, бил исто така наречен Државен старешина. Меѓутоа, никогаш не стапил во сила како последица на самооткажувањето на Константин Пјатс во 1934 година. Во 1938 година бил донесен нов устав и титулата на шефот на државата била измената во „Претседател на Републиката“. Му била дадена поголема извршна моќ, иако имал помала власт отколку Државниот старешина со уставот од 1933 година. Константин Пјатс станал првиот претседател. Неговиот мандат траел шест години.
За неколку дена по советската окупација на Естонија во 1940 година, Пјатс бил присилен да назначи комунистичка предводена влада на чело со Јоханес Варес, по пристигнувањето на демонстранти придружени од трупите на Црвената армија со вооружени возила до претседателската палата. Владата на Варес всушност била избрана од советскиот државник Андреј Жданов. По лажните избори во јули, Пјатс бил распуштен од служба. Подоцна, во јули, Пјатс заедно со неговиот син, снаата и двајцата внуци, бил протеран во Уфа, Русија.
Според уставот од 1938 година, ако претседателот некогаш стана неспособен да ги извршува неговите функции, неговите надлежности ги презема премиерот со титула „премиер во служба на претседател“. Според оваа одредба, Варес ги презел функциите на претседателот со цел да даде правна дозвола за формалното припојување на Естонија од Советскиот Сојуз во август. Меѓутоа, доколку времето на војна или неспособност трае подолго од шест месеци, уставот обезбедува избор на вршител на должност избиран од Изборниот совет. Изборниот совет се сретнал во тајност на 20 април 1944 година и одредил дека назначувањето на Варес како премиер во 1940 година било незаконски според уставот од 1938 година. Советот го избрал Јири Улуотс како вршител на должност претседател на 21 април. Улуотс го назначил Ото Тиф за премиер. Подоцна, Тиф бил уапсен од окупациските советски сили во септември.
Во септември 1944 година, Улуотс и преостанатите членови на владата на Тиф избегале во Шведска. Дента пред Улуотс да умре во јануари 1945 година бил избран наследник, Аугуст Реј, да ја преземе позицијата на вршител на должност претседател. По смртта на Реј во 1963 година, улогата припаднала на Александер Варма, потоа на Тинис Кинт во 1971 година, потоа на Хајнрих Марк во 1990 година. Во октомври 1992 година, Марк ги предал неговите акредитиви на новоизбраниот претседател на обновената република, Ленарт Мери.
Откако Естонија стекнала независност бил донесен нов устав заснован на мешавина од документите во 1920 и 1938 година. Во текот на изготвување на нов устав, првично било планирано да се користи постарата, потрадиционална титула, Државен старешина, за шефот на државата. Меѓутоа, на крајот, бил избран терминот „претседател“ во согласност со јавноста. Пет претседателски избори (во 1992, 1996, 2001, 2006 и 2011 година). На првите четири избори, Собранието не успеале да избере претседател и гласањето припаднало на Изборното тело. Ленарт Мери бил избран во 1992 година (овие избори, за разлика од подоцнежните, имале јавен круг) и бил повторно избран во 1996 година, поразувајќи го Арнолд Ријтел во обата наврати. Самиот Ријтел станал претседател во 2001 година. Во 2006 година, Томас Хендрик Илвес ги освоил изборите и бил повторно избран од Собранието во 2001 година. На изборите во 2016 година, за негов наследник е избрана независно кандидираната Керсти Калјулајд како прва жена во Естонија на оваа функција.
Претседателот на Република Естонија:
# | Фотографија | Име | Започнал | Завршил | Партија | Раѓање и смрт |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | Константин Пјатс | 24 април 1938 | 23 јули 1940 | р. 23 февруари 1874, Тахкурана п. 18 јануари 1956, Бурашево, Калининградска Oбласт, СССР | ||
1938 - I круг - избран од Собранието и општинските претставници како единствен кандидат со 219 од 238 гласа (92,0%). | ||||||
2 | Ленарт Мери | 6 октомври 1992 | 8 октомври 2001 | Национална коалиција Про Патрија | р. 29 март 1929, Талин п. 14 март 2006, Талин | |
1992 - II круг - избран од Собранието со 59 од 101 глас (58,4%). 1996 - V круг - избран од Собранието и општинските претставници со 196 од 372 гласа (52,7%). | ||||||
3 | Арнолд Ријтел | 8 октомври 2001 | 9 октомври 2006 | Народен сојуз на Естонија | р. 10 мај 1928, Лајмјала, Саре | |
2001 - V круг - избран од Собранието и општинските претставници со 186 од 366 гласови (50,8%). | ||||||
4 | Томас Хендрик Илвес | 9 октомври 2006 | 10 октомври 216 | Социјалдемократска партија | р. 26 декември 1953, Стокхолм, Шведска | |
2006 - IV круг - избран од Собранието и општинските претставници со 174 од 345 гласови (50,4%). 2011 - I круг - избран од Собранието до 73 од 101 глас (72,3%). | ||||||
5 | Керсти Калјулајд | 10 октомври 2016 | во служба | р. 30 декември 1969, Тарту | ||
2016 - VI круг - избрана од Собреанието со 81 од 98 гласа (80%). |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.