Премиер лига на Англија 2015-2016
From Wikipedia, the free encyclopedia
Премиер лига на Англија 2015-2016 била 117-тото издание на највисокото ниво на професионалните фудбалски лиги на Англија, односно 24-тата сезона на Премиер лигата, од нејзиното основање во 1992 година. Натпреварите биле објавени на 17 јуни 2015 година.[1] Сезоната започнала на 8 август 2015 година и требало да заврши на 15 мај 2015 година.[2] Сепак, натпреварот од последното коло Манчестер Јунајтед-Борнмут бил одложен за 17 мај 2016, поради сомнителен пакет на стадионот.[3]
Премиер лига на Англија 2015-20 Barclays Premier League 2015-2016 | |||||
---|---|---|---|---|---|
Натпреварување | Премиер лига на Англија | ||||
Спорт | Фудбал | ||||
Издание | 117-то (24-то на Премиер лигата) | ||||
Период | од: 8 август 2015 до: 17 мај 2016 | ||||
Држава | Англија | ||||
Резултати | |||||
Шампион | Лестер Сити 1. титула | ||||
Лига на шампиони | 4. клуба | ||||
Лига Европа | |||||
Испаднале | Њукасл Јунајтед Норич Сити Астон Вила | ||||
Статистика | |||||
Најдобар стрелец | Хари Кејн (25 гола) | ||||
Одиграни натпревари | 380 | ||||
Постигнати голови | 1.026 (2,7 по натпревар) | ||||
Церемонијата на доделување на трофејот на Лестер Сити, шампион за првпат во својата историја | |||||
Хронологија на натпреварувањето | |||||
|
Екипата на Челси влегла во сезоната како бранител на титулата од сезоната 2014-2015. Вотфорд, Борнмут и Норич Сити биле новите три членови откако избориле промоција во Чемпионшип лигата претходната сезона. Тие ги замениле Хал Сити, Барнли и Квинс Парк Ренџерс, кои како трите најслабопласирани екипи во претходната сезона испаднале во понизок ранг.
Откако во претходната сезона за малку избегнале испаѓање, екипата на Лестер Сити ја освоила титулата во оваа сезона, за првпат во својата 132-годишна историја, со што станале 24-тиот клуб кој станал Шампион на Англија, и шестиот клуб кој успеал да ја освои Премиер лигата. Титулата била математички потврдена на 2 мај 2016, после ремито на нивниот најблизок гонител Тотенхем против Челси. На крајот, покрај шампионот Лестер Сити, место во Лигата на шампионите за следната сезона избориле уште второпласираниот Арсенал, кој во самата завршница го престигнал својот лондонски ривал, Тотенхем (завршил на третото место), додека четвртопласираниот Манчестер Сити се квалификувал за плејоф рундата од истото натпреварување.
Петтопласираниот Манчестер Јунајтед, кој воедно го освоил и ФА купот, се пласирал за групната фаза на Лига Европа за следната сезона, а бидејќи Лига купот го освоил Манчестер Сити, можност да играат во второто по квалитет европско натпреварување добиле и шесттопласираниот Саутхемптон и седмопласираниот Вест Хем Јунајтед.
Њукасл Јунајтед, Норич Сити и Астон Вила биле трите екипи кои испаднале од лигата во оваа сезона.
Најдобар стрелец во оваа сезона бил Хари Кејн од Тотенхем со 25 постигнати гола.