Премиер лига на Англија 2003-2004
From Wikipedia, the free encyclopedia
Премиер лига на Англија 2003-2004 била 105-тото издание на највисокото ниво на професионалните фудбалски лиги на Англија, односно 12-тата сезона на Премиер лигата, од нејзиното основање во 1992 година. Сезоната започнала на 16 август 2003, а завршила на 15 мај 2004, со триумф на екипата на Арсенал.
Премиер лига на Англија 2003-2004 Barclaycard Premiership 2003-2004 | |||||
---|---|---|---|---|---|
Натпреварување | Премиер лига на Англија | ||||
Спорт | Фудбал | ||||
Издание | 105-то | ||||
Период | од: 16 август 2003 до: 15 мај 2004 | ||||
Држава | Англија | ||||
Резултати | |||||
Шампион | Арсенал 13. титула | ||||
Лига на шампиони | 4. клуба | ||||
Куп на УЕФА | 2. клуба | ||||
Испаднале | Лестер Сити Лидс Јунајтед Вулверхемптон | ||||
Статистика | |||||
Најдобар стрелец | Тјери Анри (30 гола) | ||||
Одиграни натпревари | 380 | ||||
Постигнати голови | 1.012 (2,66 по натпревар) | ||||
Капитенот на Арсенал, Патрик Виера, го подигнува трофејот освоен од топџиите. | |||||
Хронологија на натпреварувањето | |||||
|
Екипата на Манчестер Јунајтед влегла како бранител на титулата од претходната сезона. Портсмут, Лестер Сити и Вулверхемптон Вондерерс биле трите нови екипи, откако обезбедиле промоција во Првата дивизија 2003-2004. Тие ги замениле Вест Хем Јунајтед, Вест Бромвич Албион и Сандерленд, кои како трите најслабопласирани екипи во претходната сезона испаднале во понизок ранг.
На 25 април 2004, Арсенал станале шампиони по тринаесетти пат во клупската историја, после ремито на гостувањето кај Тотенхем.[1] Успехот на топџиите останал запаметен и по фантастичната сезона во која до титулата тие стигнале без ниту еден пораз со што го добиле епитетот Непобедливите. Најблиските конкуренти на Арсенал во оваа сезона биле Челси и Манчестер Јунајтед кои останале на -11 и -15 бодови од шампионите. Првата четворка, која го дала списокот на учесници во Лигата на шампионите за следната сезона, ја заокружила екипата на Ливерпул.
Петтопласираниот Њукасл Јунајтед, заедно со победникот на Лига купот, Мидлсбро, се квалификувале за Купот на УЕФА за следната сезона.
Лестер Сити, Лидс Јунајтед и Вулверхемптон биле трите екипи кои испаднале од лигата во оваа сезона.
Најдобaр стрелец во оваа сезона бил Тјери Анри од шампионот Арсенал со 30 постигнати гола.