From Wikipedia, the free encyclopedia
Пред поплавата (англиски: Before the Flood) — документарен филм од 2016 година за климатските промени режиран од Фишер Стивенс. Филмот бил продуциран како соработка помеѓу Стивенс, Леонардо ди Каприо, Џејмс Пакер, Брет Ратнер, Тревор Давидовски и Џенифер Дејвисон Килоран. Мартин Скорсезе е извршен продуцент.[2]
„Пред поплавата“ | |
---|---|
Режисер | Фишер Стивенс |
Продуцент |
|
Музика |
|
Дистрибутер | National Geographic |
Премиера | 21 октомври 2016 |
Времетраење | 96 минути[1] |
Земја | САД |
Јазик | англиски |
Како што било најавено од Ди Каприо на 9 септември 2016 година на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, документарниот филм првпат бил прикажан на 30 октомври 2016 година на каналот „National Geographic“.[3][4] Како дел од заложбата на „National Geographic“ за покривање на климатските промени, документарниот филм бил широко достапен и можел бесплатно да се погледне на различни интернет платформи.[5]
На европската премиера во Лондон во октомври 2016 година, Ди Каприо го опишал филмот на следниов начин:
Пред поплавата е производ на неверојатно тригодишно патување на кое бев заедно со ко-творецот и режисер Фишер Стивенс. Отидовме до секој агол на Земјината топка да го документираме катастрофалното влијание на климатските промени и ја доведовме во прашање способноста на човештвото да го промени она што може да се одликува како најкатастрофален проблем со кој се соочило човештвото. Има многу работи што треба да се преземат. Сè што видовме на ова патување ни покажува дека климата во нашиот свет е неверојатно меѓусебно поврзана и дека се наоѓа во критична точка. ... Сакавме да создадеме филм кој ќе им даде на луѓето чувство за итност, за да разберат кои конкретни работи ќе го решат овој проблем. Го покренавме прашањето за данок на јаглерод, кое јас го немам видено во многу документарни филмови. Во основа, да се натера капиталистичката економија да се обиде да инвестира во обновливи извори на енергија и да дава помалку пари и субвенции за нафтените компании. Ова се работите кои навистина ќе направат масовна разлика. ... Ние мора да го употребиме нашиот глас ... Не може да дозволиме да имаме политички водачи кои не веруваат во модерната наука или во научниот метод или во емпириски вистини ... Не може да дозволиме да губиме време имајќи луѓе на власт кои избираат да веруваат во 2 проценти од научната заедница која всушност е поткупена од страна на лобистите и нафтените компании.[6]
Филмот прикажува како Ди Каприо посетува различни региони од Земјината топка,[7] истражувајќи го влијанието на глобалното затоплување предизвикано од човекот.[8] Филмот исто така го документира, делумно, снимањето на филмот на Ди Каприо од 2015 година, Повратник.
Коментарите и истражувањето на Ди Каприо во голема мера се однесуваат на климатскиот скептицизам, главно меѓу корпоративните лобисти и американските политичари.[9][10]
Покрај Ди Каприо, во документарниот филм се појавуваат и Барак Обама, Папа Франциск, Сунита Нараин, Аноте Тонг, Џон Кери, Илон Маск, Алехандро Гонсалес Ињариту, Пирс Селерс, Јоан Рокстром и Бан Ки Мун.[1][4]
Филмот бил достапен бесплатно на интернет помеѓу 30 октомври и 6 ноември 2016 година, период пред американските избори, и бил емитуван на каналот National Geographic [11] во 171 земја како и на национални телевизиски канали во некои земји.[12] Филмот бил титлуван на 45 јазици и бил достапен на гледачи од неанглиско говорно подрачје.[13] Филмот бил гледан повеќе од 2 милиони пати на денот по објавувањето.[14]
Награди | Датум на свечено доделување | Категорија | Добитник | Резултат | Нав. |
---|---|---|---|---|---|
Британски филмски награди Ивнинг Стандард | 8 декември 2016 | Најдобар документарен филм | Пред Поплавата | Победник | [15] |
Холивудски филмски награди | 6 ноември 2016 | Холивудска документарна награда | Леонардо ди Каприо и Фишер Стивенс | Победник | [16] |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.