Предзнак — знак во музичката нотација со кој секоја нота, секогаш основниот тон може да го повиши или снижи.
Во зависност од употребата, предзнаците може да бидат:
- Случајни (франц. accidents, engl. accidentals, итал. accidenti, нем. Akzidentien или лат. accidens = случај)..[1] Тие се пишуваат само пред нотите, на истите линии или празнини и се однесуваат само на истоимени ноти во тој такт .
- Постојани или предзнаци покрај виолинскиот клуч или засилени (франц. arm[at]ure, engl. key signature, итал. armatura, нем. Vorzeichen).[1] Овие предзнаци се пишуваат само позади виолинскиот клуч и секогаш важат за сите истоимени ноти во композицијата. Претставуваат тоналитетни композиции .
- Потсетнички или сигурни. Овие пред знаци се пишуваат пред нотите во загради и го потсетуваат уметникот дека некој знак уште важи или пак не важи .
Три предзнаци
- Повишувалка е предзанк која го повишува тонот за пола степен. На основните ноти им се додава наставка ис: цис, дис, еис, фис, гис, аис, хис. Повишувалките се пишуваат пред нотите . Доколку припадне на некоја скала, се пишува позади клучот, на истата линија или празнина на која се наоѓа тонот кој треба да се промени.
- Снижувалка е предзнак кој го снижува тонот за пола степен. На основните ноти се додава наставка ес: цес, дес, ес, фес, гес, ас ( наместо аес, намалениот тон а се изговара „ас“). Снижувалката се пишува пред нитите или позади виолинскиот клуч, доколку припаѓа на некоја скала.
- Разрешувалка е знак со кој повишената или снижената нота се враќа во првобитната состојба, во основниот облик. Се пишува пред нотите .
Двојни предзнаци
- Двојни повишувалки. Ја повишува нотата за два полустепена (т.е за цел степен). Се пишува пред нотата. На основните ноти се додава наставката исис (нпр. ц - исис = цисис; ф - исис = фисис; г - исис = гисис).
- Двојни снижувалки. Ја снижуаат нотата за два полустепени (т.е за цел степен). Се пишува пред нотата . На основните ноти се додава наставка есес (нпр. ц - есес = цесес; али e - есес = есес; ха - есес = хесес, а не бесес).
- Двојна разрешувалка е занк кј ги разрешува претходно напишаните двојни повишувалки или снижувалки. Се пишува пред нотите.
- Ако во почетокот на тактот се повиши една нота и ако во наредните тактови, во делови се појави истата нота ( еднаш, двапати), повишувалката се однесува на истата таа нота или ноти. Во наредниот пример повишувалката се однесува и на четвртиот тактов дел - нотата ф се повишува во нотата фис. Ако четвртата четвртина треба да биде нотата ф, тогаш пред неа мора да се стави разрешувалка.
- Ако последниот тактов дел е снижен (или повишен) и поврзан со полукруг за истата нота, предзнакот одново не се пишува пред нотите.
- Предзнаците се пишуваат во висина на нотните глави и пред нив, а не во висина на помошните линии т.е пред нив.
Властимир Перичић, Вишејезични речник музичких термина