Прва светиниколска парохија
парохија на МПЦ-ОА / From Wikipedia, the free encyclopedia
Прва светиниколска парохија — православна парохија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, дел од Штипското архијерејско намесништво на Брегалничката епархија. Нејзиното седиште е во црквата „Св. Никола“ во градот Свети Николе. Парохиски свештеник е протојереј-ставрофор Јордан Тасев.[1]
Парохијата ги опфаќа градот Свети Николе, како и селата: Долно Ѓуѓанци, Кнежје, Ѓуземелци, Ранченци, Строиманци, Патетино и Немањици.