Прва египетска династија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Првата династија на древниот Египет (династија I)[1] ја опфаќа првата серија на египетски владетели кои владееле со обединетиот Египет. Таа следи веднаш по спојувањето на Горниот и Долниот Египет, најверојатно од страна на Нармер, и го означува почетокот на Раниот династички период, време кога моќта била центрирана во Тинис.
Датумот на овој период е предмет на научна дебата за египетската хронологија. Спаѓа во раното бронзено доба и се проценува дека започнало помеѓу 34 и 30 век п.н.е. Во студија од 2013 година, заснована врз датумите најдени со радиојаглеродно датирање, почетокот на Првата династија - односно прогласувањето на Хор-Аха за владетел - се случило во 3100 п.н.е., што е околу еден век разлика (3218-3035, со 95% сигурност).[2]