![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/0/0e/Prag_Metro_Logo.svg/langmk-640px-Prag_Metro_Logo.svg.png&w=640&q=50)
Прашко метро
From Wikipedia, the free encyclopedia
Прашко метро (чешки: Pražské metro) — брза сообраќајна мрежа во Прага. Основано во 1974 година,[3] прашкото метро се состои од три линии (А, Б и Ц), со 61 станица (претежно со островска платформа) и транзитна мрежа долга 65.2 километри.[1] Прашкиот метро систем во 2012 година опслужил 589.2 милиони патници (околу 1,6 милиони дневно),[2] што го прави петтиот најпрометен метро систем во Европа.[5]
Кратки факти Прашко метро, Општо ...
Прашко метро | |||
---|---|---|---|
![]() ![]() | |||
Општо | |||
Место | Прага, Чешка | ||
Тип на превоз | Брз транспорт | ||
Бр. на линии | 3[1] (+1 одобрена) | ||
Бр. на станици | 61[1] | ||
Патници годишно | 589.2 милиони(2012)[2] | ||
Мреж. место | Сообраќајно претпријатие на Прага | ||
Сообраќање | |||
Почнал | 9 мај 1974 (линија Ц) 12 август 1978 (line A) | ||
Превозник | 'Сообраќајно претпријатие на Прага' | ||
Бр. на возила | 730[4] | ||
Долж. на возот | 96.6 м (317 ст) | ||
Технички податоци | |||
Долж. на системот | 65.2 kм (40.5 ми)[1] | ||
Напојување | 750 V DC third rail | ||
Просеч. брзина | 36 километри на час | ||
Макс. брзина | 80 километри на час | ||
|
Затвори
Прашкото метро се состои од два типа на метро возови: 81-71M (комплетно модернизирана варијанта на оригиналот 81-71) и Метро М1. Сите линии се автоматски контролирани од централниот диспечерски центар, во близина на станицата „Павлова“.[6]