Праисториска уметност
From Wikipedia, the free encyclopedia
Праисториска уметност или предисториска уметност — творечките дела познати археологијата, за разлика од уметноста во временскиот период која спаѓа во историјата и која ја проучува историјата на уметноста. Праисторијата е временски период кој трае до појавата на првите писма, за што, со помош на материјални траги од културата, археологијата создава приказни за настаните.
Во праисторијата се пронаоѓаат предмети кои се алатки и предмети кои имаат функција, но немаат корисност. Тоа се ритуални и магиски предмети.
До скоро, најстаро уметничко дело на светот било парче накит — мали продупчени школки кои се стари околу 75.000 години[1] и кои се откриени во јужноафриканска пештера. Меѓутоа, најновите откритија на исти такви школки во мароканска пештера ја поместува границата за некои 7.000 години — школките пронајдени во Мароко се стари околу 82.000 години[2]