статистички регион From Wikipedia, the free encyclopedia
Посавски статистички регион (Словенечки: Posavska statistična regija) — еден од 12-те статистички региони на Словенија. Има добра сообраќајна пристапност и поврзаност и се наоѓа во долините Сава и Крка, со ридски предели со лозја и изобилство на вода. Тој е вториот најмал статистички регион во Словенија. Единствената атомска централа во земјата и бањата Чатеж се наоѓаат во регионот. Најголемо културно и економско средиште на овој статистички регион е градот Кршко. Регионот годишно троши 22 милиони евра за заштита на животната средина.[1][2][3]
Посавски статистички регион Posavska statistična regija | |
---|---|
Статистички регион | |
![]() | |
Општини | 6 |
Најголем град | Кршко |
Површина | |
• Вкупна | 885 км2 (342 ми2) |
Население (2020) | |
• Вкупно | 70.349 |
• Густина | 79/км2 (210/ми2) |
Статистика | |
• Домаќинства | 30.147 |
• Вработени | 23.414 |
• Невработени | 4.695 |
• Студенти на факултет/универзитет | 3.019 |
• Регионален БДП (2019): | EUR 1,475 млд (EUR 19.456 по глава на жител) |
ИЧР (2019) | 0.888 многу високо |
Во 2013 година стапката на вработеност во регионот изнесуваше 57,5%. Регионот се карактеризираше со најголема разлика помеѓу стапката на вработеност кај мажите и кај жените (кај мажите таа беше за 12 процентни поени повисока отколку кај жените). Овој регион во 2013 година се издвоил и по број на осудени лица на 1.000 жители (8,3). Населението во 2020 година изнесувало 70.349 жители. Има вкупна површина од 885 квадратни километри. Структура на вработеност: 45,8% услуги, 50% индустрија, 4,2% земјоделство. Привлекува 5,1% од вкупниот број туристи во Словенија, а најмногу се од Словенија (53%).[4][5]
Посавскиот статистички регион има шест општини:
Општина | Грб | Површина | Население (2020) |
---|---|---|---|
Бистрица на Сутла | ![]() |
31,1 км2 | 1.336 |
Брежице | ![]() |
268,1 км2 | 24.051 |
Костањевица на Крка | ![]() |
58,3 км2 | 2.432 |
Кршко | ![]() |
286,5 км2 | 26.224 |
Радече | ![]() |
52 км2 | 4.139 |
Севница | ![]() |
272,2 км2 | 17.642 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.