Портата на сите народи
From Wikipedia, the free encyclopedia
Портата на сите нации или на Портата на Ксеркс е палата која се наоѓа во урнатините на античкиот град Персеполис, во Иран.
Портата на сите народи | |
---|---|
Поглед кон Портата | |
Основни податоци | |
Место | Персеполис, Марвдашт, Иран |
Координати | 29.934444° СГШ; 52.891389° ИГД |
Оддел | Персеполис |
Општина | Марвдашт |
Територија | Иран |
Земја | Марвдашт |
Митрополија | Фарс |
Подрачје | 70 км североисточно од денешниот град Шираз, во областа Фарс, денешен Иран |
Духовно-организациски статус | урнатини |
Мреж. место | http://whc.unesco.org/en/list/114 |
Архитектонски тип | Ахеменидска архитектура |
Материјали | камен |
Изградбата на Скалите на сите народи и Портата на сите народи била наредена од страна на ахеменидскиот крал Ксеркс I (486-465 г. п.н.е.), наследникот на основачот на Персеполис, Дариј I.[1]
Палатата
Палатата се сосотела од една голема просторија чиј покрив се потпирал врз четири камени столбови, кои во основата имале форма на ѕвоно. Паралелно со внатрешните ѕидови од оваа соба, се наоѓала клупа од камен, која се прекинувала во делот кај влезовите. Надворешните ѕидови, направени од широк блок од кал, биле украсени со ниши. Секој од трите ѕида, на исток, на запад и на југ, имале голем влез од камен. Два огромни бикови го крепеле западниот влез, а на источниот влез имало две огромни статуи Ламасу во асирски стил. Над секоја од овие четири колосални фигури, имало изгравирано посвета на три јазика, во која се кажувало дека Ксеркс ја изградил Портата. Јужниот влез бил најширок од трите влеза, и се отворал кон Ападана. Направите за вртење, кои се нјдени во внатрешните агли од сите врати на палатата, укажуваат дека најверојатно имало дрвени двокрилни врати, украсени со метални украси.
Надворешни врски
„Портата на сите народи“ на Ризницата ? - Портата на Ксеркс Архивирано на 30 јули 2012 г.
- Портата на сите народи
- Скалите и Портата
- Шираз Персеполис
- Персеполис: Портата на сите народи Архивирано на 19 ноември 2016 г.
Наводи
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.