Портал:Религија/Избрана личност/2011/септември
From Wikipedia, the free encyclopedia
Богородица Марија — мајка на Исус Христос и сопруга на Јосиф. Марија е позната ѝ како Дева Марија, Светата Мајка, Мадона, Блажена Марија. Во православието и католицизмот таа е најпочитуваната светица, а во исламот е една од трите совршени жени.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/f/fc/The_Madonna_in_Sorrow.jpg/320px-The_Madonna_in_Sorrow.jpg)
Според евангелието, таа живеела во Назарет во тогашната покраина Галилеја. На арамејски јазик, нејзото име се произнесува како Мирјам. Според верувањата таа стапила во брак со Јосиф и се зачнала со Исус на чудесен начин, кога и се јавил архангел Гаврил и и соопштил дека ќе роди син кој ќе биде Цар на царевите. Во сите евангелија Марија се споменува како мајка на Исус, и нејзината улога во евангелијата главно се врти околу таа насока. Прочитајте повеќе