Портал:Мечувалство
Викимедиин портал / From Wikipedia, the free encyclopedia
Портал „Мечувалство“
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/3/38/Fencing_plunge.png/640px-Fencing_plunge.png)
Во денешницата, мечувалство или едноставно мечување се однесува на европските школи на борба со меч како и на натпреварувачките облици на мечување, меѓу кои и олимписко мечување кое произлегува од тие школи. Постојат неколку различни стилови на мечувалство, а секој од нив има различни дисциплини и правила.
- Натпреварувачки стилови
- Олимписко мечувалство
- Инвалидско мечувалство
- Историски стилови
- Класично мечувалство
- Историско мечување
- Други стилови
- Мензура
- Кореографско мечување
- Рекреативно импровизирање
Избрана статија
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/thumb/1/11/Mecuvalstvo-olimpiski_prsteni_%28svetlosina_pozadina%29.png/100px-Mecuvalstvo-olimpiski_prsteni_%28svetlosina_pozadina%29.png)
Натпреварите во мечување на Летните олимписки игри 2008 се одржуваат во периодот од 9 август до 17 август во Националниот собирен центар во Пекинг. Натпреварите се состојат од турнир со единечна елиминација. Тие се одржуваат во следниве дисциплини:
Двајцата поразени во полуфиналето ќе се мечуваат за бронзениот медал. Земјата-домаќин има право да влезе со 8 мечувалци, и да ги распореди индивидуално и по екипи како што сака: така, може да постави екипи, или да нема екипи и да постави само поединечни мечувалци. Неискористените места на земјата-домаќин ќе бидат пополнети по одлука на Тројната комисија (МОК, НОК, ФИЕ). (Повеќе...)
Избрана биографија
Алдо Нади (итал. Aldo Nadi; 29 април 1899 - 10 ноември, 1965) — италијански мечувалец кој важи за најголемиот на сите времиња. Се родил во мечувалско семејство во Ливорно, Италија. Алдо и брат му, Недо Нади се занимавале со мечувалство уште од многу мали нозе. Го изучувале спортот во стилот на класичната италијанска школа кај татка си, мечувалецот Бепе Нади, и обајцата веќе во тинејџерските години освојувале натпревари. Иеко Недо освоил повеќе златни медали (Недо освоил 6, а Алдо освоил 3), Алдо се сметал за подобар. Меѓу неговите противници бил и прочуениот француски мечувалец Лисјен Годен. Во 1920 г,, на возраст од 21 година, на олимпијадата Надо освоил златни медали во флорет—екипно, меч—екипно и сабја—екипно. Освоил и сребрен медал во сабја—поединечно. Тогаш златниот медал го земал брат му Недо Нади. Нади починал во сон во неговиот дом во Лос Анџелес на 10 ноември 1965 г.
Дисциплина | ||
---|---|---|
Меч | мажи | жени |
Меч (екипно) | мажи | |
Флорет | мажи | жени |
Флорет (екипно) | жени | |
Сабја | мажи | жени |
Сабја (екипно) | мажи | жени |