![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/8/85/Popova-Shapka-Panoramic-View.jpg/640px-Popova-Shapka-Panoramic-View.jpg&w=640&q=50)
Попова Шапка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Попова Шапка — зимско-рекреативен центар во северозападниот дел на Македонија, именуван според истоимениот врв (1780 м) на Шар Планина кој се наоѓа во непосредна близина. Се одликува со голем број на сончеви денови во текот на целата година и со снег од ноември до мај. Административно влегува во атарот на селото Лисец, кое лежи пониско.
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/8/85/Popova-Shapka-Panoramic-View.jpg/640px-Popova-Shapka-Panoramic-View.jpg)
Зимско-рекреативниот центар е оддалечен 18 км од Тетово, 53 км од Скопје. Од Тетово води асфалтиран пат кој поминува низ попатните шарпланински села. Пред воените дејствија во 2001 г., до Попова Шапка можело да се стигне и преку гондолска жичарница долга околу 7 км. Но поради сериозни оштетувања за време на воените дејствија жичарницата е нефункционална. Почетната станица на жичарницата се наоѓа во близина на Арабати баба-теќе и за неполни четириесет минути можело да се стигне до Попова Шапка.
Видикот од Попова Шапка е отворен кон соседните планини Јакупица и Солунска Глава (2540 м), а во подножјето се наоѓа Полошката Котлина.