From Wikipedia, the free encyclopedia
Политички прогон (или политичка репресија) ― чин на државен орган на насилно контролирање на граѓаните од политички причини, најчесто за да го ограничи или спречи учеството на граѓаните во политичкиот живот во тоа општество.[1][2] Политичкиот прогон најчесто се манифестира преку политики на: кршење на човековите права, пратење на активностите, полициска бруталност, затворање, присилно преселување, одземање на правата на граѓаните, лустрација и насилни дејствија или терор, како убиство, брзи погубувања, тортура, присилно исчезнување и друго вонсудско казнување на политички активисти, неистомисленици или населението воопшто.[3] Политичкиот прогон, исто така, може да биде засилен со неполитички средства, како на пример преку јавна и приватна сопственост на медиумите и преку самоцензура.
Кога политичкиот прогон се врши и е организиран од државата, тоа може да се смета за државен тероризам, геноцид, политицид или злосторство против човештвото. Системска и насилна политичка репресија е основна одлика за диктатури, тоталитарни држави и слични режими.[4] Дејствата на политички прогон можат да бидат извршени од тајна полиција, војска, паравоени групации или одреди на смртта. И во демократски општества може да има репресивни активности.[5][6] Ако политичкиот прогон не се врши со одобрение од државата, за него сепак може да е одговорен дел од власта. Таков пример се операциите од Против разузнавачкиот процес воден од ФБИ во Соединетите Американски Држави помеѓу 1956 и 1971 година.[7][8]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.