Полимераза верижна реакција
From Wikipedia, the free encyclopedia
Полимераза верижна реакција (англиски: polymerase chain reaction (PCR)) е техника во молекуларната биологија која се употребува за амплификација на една или неколку копии на ДНК при што се добиваат илјадници до милиони копии на одредена ДНК секвенца.
Постапката е развиена во 1983 од страна на Кери Мулис.[1] PCR сега претставува честа и неопходна техника која се користи во лабораториите за медицински и биолошки истражувања за различни цели.[2][3] Во 1993, Мулис бил награден со Нобелова награда за хемија заедно со Мајкл Смит за неговата работа за PCR.[4]