Ползела
From Wikipedia, the free encyclopedia
Оваа статија се однесува на/за населбата. За претпријатието, погл. Ползела (претпријатие).
Ползела (словенечки: Polzela) ― паланка во истоимената општина во Штаерска, Словенија. Таа е географски значајна поради нејзината местоположба во Долната Савињска долина. Се наоѓа на важна патна раскрсница уште од римско време (Во Лочица кај Савиња имало римски логор) што ги поврзува правците од западните предели на Цељската Котлина до Шалешка Долина и Горната Савињска Долина.