Покраини во Турција
From Wikipedia, the free encyclopedia
Турција е поделена на 81 покраина (тур. il, множ. iller). Покраините се делат на разни окрузи кои имаат истата улога како македонските општини. Секоја покраина има управно седиште (il merkezi) кој претставува централен округ (merkez ilçe). Покраината може да опфаќа и други окрузи (ilçe, множ. ilçeler). Сите покраини се наречени според административниот центар, освен три: Хатај (Антакија), Коџаели (Измит) и Сакарија (Адапазари).
Со секоја покраина раководи управник (валија). Порано, покраините се нарекувале вилаети.