Покраини во Руанда
From Wikipedia, the free encyclopedia
Руанда е поделена на 5 покраини (руанда: intara), кои потоа се делат на окрузи (akarere) и општини (umujyi). Сè до почетокот на 2006 г, земјата се делела на 12 покраини, кога владата решила да ги прецрта границите за да се справи со проблемите што произлегуваат од геноцидот во 1994 г. Сегашните покраини се децентрализирани и имаат мултиетнички состав, како мерка за справување со поделеноста на населението по етничка линија.
Сè до 2002 г, покраините се нарекувале префектури (perefegitura).[1]