From Wikipedia, the free encyclopedia
Пијано нобиле (piano nobile) — главниот спрат во една голема куќа, обично во стилот на класичната ренесансна архитектура. Овој спрат ги содржи главните соби за прием и главните спални соби во куќата.
Честопати се среќава како прв, а понекогаш и како втор спрат, сместен над (често рустицираното) приземје кое содржи споредни соби и соби за послуга. Вака собите имаат подобар поглед и не се подложни на влага. Ова е особено така во Венеција каде пијано нобиле-ата кај многу палаци се особено очигледни од надворешноста заради нивните поголеми прозори и отворени лоџии. Вакви примери се Ка' Фоскари, Ка' д'Оро и палацо Барбариго.
Како што споменавме, најчеста одлика на вавкиот спрат се погполемите прозори. Во Англија и Италија до пијано нобиле се доаѓа преку надворешно украсено скалиште, со кое станарите немаат потреба да влегуваат во куѓата преку собите за послуга. Во Англија ваков пример е Хедлстонската хала, додека пак во Италија - Вила Капра.
Куќите имаат и нареден спрат над пијано нобиле-то каде се наоѓаат поинтимните дневни и спални соби за приватна употреба на станарите кога немало гости. Над овој спрат обично има поткровје каде се сместени спалните на послугата.
Во Италија, особрно кај градските алаци, спратот над пијано нобиле-то се нарекува „второ пијано нобиле“, особено ако лоџијата и балконите ги рефлектираат они под нив на малку помал размер. Ова е технички неточна употреба на терминот „пијано нобиле“ зошто само еден спрат може да биде пограндиозен од другите. Како таков, изразот не се користи во Британија.
Овој аранжман на спратовите продолжил низ Европа за целото време додека големи куќи се граделе во класичен стил. Употребен е и на Бакингемската палата релативно скоро (средина на XIX век). Холкамската хала, Остерли парк и Чисвишката куќа се англиски куќи од XVIII век кои го имаат овој дизајн.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.