род растенија From Wikipedia, the free encyclopedia
Пијанка или ’ржена трева (науч. Lolium) — род треви од семејството на ливадарките (Pooideae).[2][3]
Пијанка | |
---|---|
Обична пијанка (Lolium perenne) | |
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
клад: | Монокотиледони |
клад: | Комелиниди |
Ред: | Тревовидни |
Семејство: | Треви |
Потсемејство: | Ливадарки |
Род: | Пијанка L. |
Синоними[1] | |
Список
|
Растат во снопчест облик, и се домородни во Европа, Азија и Северна Африка, а подоцна се воведени и во Австралија, Америка и разни океански острови. Растението е природно диплоидно, со 2n=14, и е во блиско сродство со ливадарката (Festuca).[4][5][6][7]
Иако го носи слично алтернативно име, оваа трева е сосем различна од ’ржта, која е житарка.
Постојат следниве видови пијанки:[1][8]
Постојат низа видови пијанки имаат значајна улога во хортикултурата како растение за тревниците, а во земјоделството се ценат поради нивната хранливост при напасување добиток и добивање сено. Се садат и по падините, со цел да се спречи ерозија на почвата. Во Нов Зеланд претставува главна напасна трева, каде секоја година се произведуваат 10 милиони килограми семе. Постојат низа разновидни сорти. Најзначаен видов што служи за фуража и во тревниците се обичната или повеќегодишна пијанка (Lolium perenne). Како и многу студеновременски треви, живее во симбиоза со ендофитни габи, и тоа од видовите Epichloë или Neotyphodium, обете од семејството на гламниците (Clavicipitaceae).[9][10]
Некои видови како дивата лулка (L. temulentum) важат за штетен коров кој несузбиен предизвикува огромни штети врз посевите како пченицата и други житарки. Тврдатата пијанка (L. rigidum) им задава постојани проблеми на земјоделците во јужна Австралија поради отпорноста на хербициди.[11] Покрај тоа, поленот на пијанките е голем предизвукувач на алергија кај населението. Во 2006 г. во Мисисипи се пријавени случаи на пијанки отпорни на глифосат.[12]
Поради оваа жилавост, пијанката е застапена како покривно растение на тениските игралишта, од кои попознати се Сеанглискиот клуб за тенис на трева и крокет и игралиштето „Вимблдон“ каде што се одржуваат познатите првенства.[13][14]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.