вид растение From Wikipedia, the free encyclopedia
Питом пелин (или бел пелин; науч. Artemisia absinthium) — вид растение од родот пелин (Artemisia) кое природно вирее во умерените краишта на Евроазија и Северна Африка. Се одгледува како украсно растение, но и како главна состојка во пијалаци како пелинковецот и апсинтот.
Питом пелин | |
---|---|
Пелин | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Ред: | Ѕвездовидни |
Семејство: | Главоцветни |
Род: | Пелин |
Вид: | Бел пелин |
Научен назив | |
Artemisia absinthium L.[1] | |
Синоними[2][3] | |
|
Ова е билно, повеќегодишно растение со влакнести корења. Стеблата се прави и достигнуваат висина од 0,8–1,2 метри (пореко 1,5 м и повеќе) и се зажлебени, разгранети и сребренозелени по боја. Листовите се распоредени во вител, зеленкасто сиви на лицето и бели на опачината, прекриени со свиленести сребрестобели трихоми (влакненца) и имаат ситни маслодајни жлездички. Листовите при основата се долги до 25 см и двојноперјести до тројноперјести со долги лисни дршки, оние погоре се пократки (5–10 см), помалку разделени и со куси дршки. Листовите најгоре можат да бидат и прости и бездршни. Цветвите се бледожолти, цевчести и насобрани во наведнати главички (капитули), кои пак се набрани во листнати разгранети метлички. Растението цвета од почетокот на летото до почетокот на есента. pollination се одвива по ветерот. Плодовите се мали семчиња. Се распространуваат со самата Земјина тежа.
Пелинот природно расте на дива сува почва, особено на крапести падини и по рабовите на врвиците и полињата.
Пелинот ја содржи психоактивна тујон која може да предизвика падавичарење, грчеви и оштетување на бубрезите ако се конзумира во големи количини.[4]
Растението лесно се огледува на сува почва. Треба да се сади на места целосно изложени на сонце, во плодна, среднотешка почва. Претпочита почвата да биде богата со азот. Може да се размножува од дозреани отсечоци на пролет или есен во умерени подрачја, или од семиња во расаднци, кои ги дава во изобилство. Видот е одомаќинет во некои неавтохтони подрачја, вклучувајќи ја Северна Америка и долината на Кашмир во Индија.[5]
Пелинот е најпознат како сотојка на народниот пијалак пелинковец и апсинтот, но се користи и како додаток и во други алкохолни пијалаци и вина како битер и вермут. Од него се прави и чај што се смета за лековит. Во средниот век се додавал како зачин во медовина.[6]
Ова растение традиционално се користи како поттикнувач на апетитот и олеснувач на варењето.[7] Меѓутоа, истото е носител и на негативна симболика, како поим за горчина и јад. Ова го среќаваме во Рациновата песна „Копачите“, каде авторот вели дека земјата „со страдна душа чека“ на силните удари на копачите „по троскот, пелин, трат“.[8]
Според Национална класификација на културното наследство на Македонија, верувањето во пелинот како света и лековита билка се смета за категорија на духовно наследство на земјата.[9]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.