Пилат (Висока Маала)
археолошко наоѓалиште во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Пилат — археолошко наоѓалиште во Висока Маала, Општина Василево.
Повеќе информации Основни податоци ...
„Пилат“ | |
Местоположба | 41°33′19″N 22°41′3″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Висока Маала |
Општина | Струмица |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Затвори
Претставува градиште од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 2,5 км северно од селото, крај левиот брег на реката Турија. Претставува висок рид што доминира над околниот терен. Сите страни му се стрмни, со исклучок на источната на која има ископан одбранбен ров. На зарамнетото плато на врвот се гледаат остатоци од темели на бедем граден од кршен камен и варов малтер. На источната страна ширината на бедемот изнесува 2 м.[1]