Пештанска парохија
парохија на МПЦ-ОА / From Wikipedia, the free encyclopedia
Пештанска парохија — православна парохија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, дел од Охридското архијерејско намесништво на Дебарско-кичевската епархија. Нејзиното седиште е во црквата „Св. Кузман и Дамјан“ во селото Пештани. Моментално, парохиски свештеник е Атанас Казанџиски.[1]
Во составот на оваа парохија се селата Пештани, Елшани, Горно и Долно Коњско, Трпејца, Љубаништа, како и населбите Елешец и Лагадин.