Петси Клајн
американска кантри-пејачка (1932 ― 1963) / From Wikipedia, the free encyclopedia
Петси Клајн (родена како Вирџинија Патерсон Хенсли; 8 септември 1932 ― 5 март 1963 година) ― американска пејачка, една од највлијателните пејачки од XX век и една од првите кантри-пејачки што почнале да пејат поп-музика.[4][5] Во нејзината осумгодишна професионална музичка кариера Клајн имала неколку хитови на Билбордовата топ-листа.
Петси Клајн | |
---|---|
Слика за Decca Records, 1960 | |
Роден(а) | Вирџинија Патерсон Хенсли септември 8, 1932(1932-09-08) Винчестер, Вирџинија САД[1][2] |
Починал(а) | март 5, 1963(1963-03-05) (возр. 30) Камден, Тенеси, САД |
Причина за смрт | авионска несреќа |
Почивалиште | Меморијален парк Шенандоа, Винчестер |
Занимање |
|
Активен период | 1948 ― 1963 |
Сопружник |
|
Деца | 2 |
Клајн се смета за една од најславните, најпочитуваните и највлијателните изведувачи од XX век. Нејзината музика влијаела врз многу музичари од различни стилови и жанрови.[6] Таа, исто така, поради тоа што е меѓу првите жени што продавале плочи и одржувала концерти, се смета за предвесник на жените во кантри-музиката. Во 1973 година, станала прва пејачка што била примена во Куќата и музејот на славата на кантри-музиката. Во 1985 г., нејзиниот живот и кариера биле прикажани во животописниот филм „Слатки соништа“ со Џесика Ланг во улогата на Петси Клајн. Во осумдесетите биле објавени уште неколку други документарни филмови и сценски претстави, меѓу кои и мјузиклот Засекогаш...Петси Клајн од 1988 година. Албумот со нејзините најголеми хитови во 2005 се продал во преку 10 милиони копии во 2005 година. Во 2011 година, нејзината куќа од детството била реставрирана во музеј што можат да го посетат нејзините обожаватели.