Петре М. Андреевски
македонски поет, романописец и раскажувач / From Wikipedia, the free encyclopedia
Петре Мито Андреевски (Слоештица, Демирхисарско, 25 јуни 1934 — Скопје, 25 септември 2006 ), попознат како Петре М. Андреевски— македонски поет, романописец, раскажувач и драмски автор. Се вбројува меѓу најдаровитите, а воедно и најпопуларните македонски поети и раскажувачи. Неговите приказни се честопати необични и чудно испреплетени, но во особеноста на својата упатеност кон читателот, раскрилуваат еден познат и близок свет, што го препознаваме како ехо на дамнешни, напати, темни кажувања. Во мај 2000 година бил избран за редовен член на МАНУ.[1]
Кратки факти Петре М. Андреевски, Роден/а ...
Петре М. Андреевски | |
---|---|
Роден/а | 25 јуни 1934 Слоештица, Демирхисарско, Кралство Југославија (денес Македонија) |
Починат/а | 25 септември 2006(2006-09-25) (возр. 72) Скопје, Македонија |
Занимање | поет, романописец, раскажувач и драмски автор, академик |
Националност | Македонец |
Период | Трета генерација повоени македонски писатели |
Значајни дела | Пиреј, Дениција |
Деца | Сергеј Андреевски |
Затвори