Петралинци
село во Општина Босилово From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Босилово From Wikipedia, the free encyclopedia
Петралинци — село во Општина Босилово, во околината на градот Струмица.
Петралинци | |
Координати 41°28′14″N 22°43′36″E | |
Општина | Босилово |
Население | 478 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 2430 |
Шифра на КО | 27048 |
Надм. вис. | 220 м |
Петралинци на општинската карта Атарот на Петралинци во рамките на општината | |
Петралинци се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во западниот дел на Општина Босилово, на патот кој води од Струмица кон Берово, во средишниот дел на Струмичка Котлина. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 9 километри.
Надморската височина во селото е 220 метри додека селото зафаќа површина од 3,4 км2. Од нив, 314 хектари се обработливо земјиште[2]
Селото Петралинци има старо потекло. На просторот каде денеска се наоѓа селото се откриени епиграфски споменици од римскиот период, кои денес се чуваат во Струмичкиот музеј.
Името Петралинци е изведено од машкото име Петралин и наставката „ци“. Но според народната етимологија, името на селото е изведено од женското лично име Петра (нагалено Петранка, Петралинка во деминутив). Според легендата Петра била убавица на селото. Па покрај македонските момчиња од населбата во неа се заљубил и еден Турчин кој решил да ја грабне. По грабнувањето, нејзините родители многу тагувале за неа, заедно со сите селани. Поради тоа, во нејзино сеќавање населбата била наречена Петралинци[3].
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 105 жители Македонци[4][5]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 24 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и 6 Роми[4][6].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на војната, кога се дознало за одлуката дека селото и Струмичкиот крај ќе и припаднат на Бугарија, грчките војски пред да се повлечат од овие простори извршиле голем број на насилства. Селото делумно било опожарено. Во овој период во селото се населиле и македонски бегалци од Кукуш, кои биле протерани од Грција.
По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион. Селото е споменато во „Оковани радник" (легален орган на КПЈ), во број 8 од 15 октомври 1924 година, во врска со положбата на народот на Струмичката околина во тој период. Според списанието, по дознавањето на околинскиот началник за делување на пет комити во селата Робово и Петралинци, полицискиот писар Јагош спроведел рација во која во Робово уапсил 10 луѓе, во Петралинци 5 луѓе и во Дрвош 6 луѓе бидејќи сметал дела уапсените им помагале на комитите[7]. До изградбата на првата црква во 1929 година во селото постоела жива христијанска заедница кои своите верски должности и потреби ги извршувале во најблиските католички цркви, пред сè во Радово и Струмица.
По крајот на Втората светска војна, Петралинци било вклучено во НР Македонија, во составот на СФРЈ.
По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Босилово.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[8]
Во 1961 година селото Петралинци имало 330 жители, од кои 314 Македонци и 16 Турци. Во 1994 година во селото живееле 600 луѓе, сите Македонци[2].
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 605 жители, од кои 602 Македонци и 3 останати.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 478 жители, од кои 417 Македонци, 3 останати и 58 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 105 | 30 | 176 | 231 | 330 | 420 | 588 | 585 | 600 | 605 | 478 |
Во селото постои избирачкото место бр. 1817 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Хамзали.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 531 гласач.[16]
На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 551 гласач.[17]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.