Петар Петровиќ-Његош
From Wikipedia, the free encyclopedia
Петар II Петровиќ Његош, световно име Радоје Томов Петровиќ (Његуши, 1 ноември 1813 - Цетиње, 31 октомври 1851 ), бил владика и владетел на Црна Гора од династијата Петровиќ-Његош, тој е еден од најголемите претставници на црногорската и српската книжевност.
Петар II Петровиќ Његош | |||||
---|---|---|---|---|---|
Владика и господар на Стара Црна Гора и Брда | |||||
На престол | 1832-1851 | ||||
Претходник | Петар I Петровиќ Његош | ||||
Наследник | Данило II Петровиќ Његош | ||||
Почивалиште | |||||
| |||||
Династија | Петровиќ-Његош |
Неговото родено име било Радоје, а како дете бил овчар на падините на Ловќен. Неговиот чичко, митрополит Петар I, го забележал бистриот ум на Радоје и го повел со себе во манастирот на Цетиње, кога Радоје имал 12 години [1]. Во манастирот, Радоје научил да чита и да пишува, го учел рускиот јазик, подоцна и италијанскиот. Покажал голем интерес за народните песни, па и самиот почнал да пишува стихови. Учители му биле Јосип Троповиќ и Сима Милутиновиќ Сарајлија, кој при крајот на 1827 година се нашол на Цетиње[2].
Во 1827 година, митрополитот Петар I го определил Радоје за свој наследник, а по неговата смрт во 1830 година, Радоје со неполни седумнаесет години станал Петар II, духовен и световен владетел на Црногорците. Во тој момент Црна Гора била разединета и затворена од сите страни, без централна државна организација, а школувана личност била голема реткост [3]. Племињата станувале едни против други, крвната освета била честа, а околните непријатели, посебно турските паши, ги поткупувале селаните со леб и жито за да се кренат против власта.
Прв политички чекор на Његош било протерувањето на гувернадурот. Потоа го создал Сенатот, нешто како влада и врховен суд од 16 членови, составен од најугледните Црногорци. За да воспостави ред во Црна Гора вовел т.н „гвардија“, нешто како полиција и суд, и некој вид на дворска стража, т.н „перјаници“ [4]. Создал и народна каса за купување храна во неродни години, за купување оружје и за заем на оние на кои им било најпотребно. Отворил училиште, создал печатница, започнал со изградба на патишта, бунари и складови [4]. Његош започнал да внесува граѓанска култура и писменост, а Црна Гора почнала да се отвора кон надворешниот свет.
Данокот кој го вовел Његош за да се спроведат сите овие реформи, не бил дочекан со широки раце од црногорските племиња. Ријечката нахија кренала бунт, но владиката успеал да се пресмета со бунтовниците [4]. По дваесет години поминати на чело на Црна Гора, Петар II Петровиќ Његош умира од болест во 1851 година. Закопан е на Ловќен, на место кое самиот го одбрал за свој гроб, а денес таму се наоѓа неоговиот мавзолеј.