From Wikipedia, the free encyclopedia
Пернила Август (швед. изг. [pæˈɳɪ̂lːa ˈǎʊɡɵst] ( слушнете); родена Миа Пернила Херцман-Ериксон; 13 февруари 1958 година)[1] е шведска глумица, режисерка и сценаристка. Бидејќи била една од водечките глумици во Шведска и долгогодишен соработник со режисерот Ингмар Бергман, таа ја освоила наградата за најдобра глумица на Канскиот филмски фестивал во 1992 година за нејзината улога во „Најдобри намери“. Таа е позната и како Шми Скајвокер во „Војна на Ѕвездите: Епизода I - Фантомската закана“ и „Војна на Ѕвездите: Епизода II - Напад на клоновите“.
Август започнала да глуми за време на нејзиното детство во театар и на училиште. Нејзината професионална глумечка кариера започнала во 1975 година кога режисерот Рој Андерсон и дал мала улога во филмот „Гилијап“, а од 1979 година играла во филмовите на режисерите, Вилгот Сјоман (меѓу нив, филмот за Алфред Нобел, од 1983 година) и Ласе Халстрем. Студирала глума на Шведската национална академија за мимика и глума во Стокхолм во 1979–82 година.[2] Пред да ги заврши студиите, таа го привлекла вниманието на Ингмар Бергман, кој и дал улога во неговиот филм „Фани и Александар“ (1982),[3] играјќи дадилка во романтизираниот портрет на режисерот од неговото детство. Тоа го означила почетокот на дведецениската соработка, притоа добивајќи неколку меѓународни награди, вклучувајќи ја и телевизиската серија „Најдобри намери“ (1991),[4] каде ја играла мајката на Бергман и го запознала нејзиниот втор сопруг, режисерот Бил Август, потоа ТВ-продукциите „Приватни исповеди“ (1996), во режија на Лив Улман, и „Во присуството на кловн“ (1997) повторно од Бергман.[5]
Таа исто така глумела во „Патот на змијата“ на Бо Видерберг (1986), како и во неговата ТВ-продукција на „Дивата патка“ на Хенрик Ибзен (1989). Меѓу многуте скандинавски и меѓународни филмови се појавува и во „Ерусалим“ на Бил Август (1996); „Каде завршува виножитото“ (1999) (ја добила наградата Гулдбаге за најдобра глумица), „Роденденот“ (2000) и „Јас сум Дина“ (2002) на Ричард Хоберт; „Om jag vänder mig om“ (Ако се свртам) (2003) на Бјорн Рунге, каде добила Сребрена мечка на Берлинскиот филмски фестивал во 2004 година и други награди за најдобра глумица; „Убиство“ (2005) и шведско-тајванскиот „Мис Кики“ (2009) на Пер Флај; и „Вистината и последиците“ (2012) на Јан Троел.
На Кралскиот драмски театар во Стокхолм, таа глумела во неколку претстави, почнувајќи од 1981 година, неколку во режија на Ингмар Бергман и на меѓународни турнеи. Тука спаѓаат Офелија во Хамлет на Вилијам Шекспир (1986) (улога што ја играла и во друг шведски телевизиски филм од 1985 година), „Драма од соништата“ на Аугуст Стриндберг (1986), Нора во „Куклена куќа“ на Хенрик Ибзен (1989), Хермиона во специјалната верзија на Бергман на „Зимска приказна“ (1994), главннта улога во Шелеровата „Мери Стјуарт“ (2000) и Елена Алвинг во „Духови“ на Ибсен (2002). Таа исто така работела со рускиот режисер Јуриј Љубимов во „Празник во време на чума “ на Александар Пушкин (1996). Во 1983-84 година, работела во Фолктетерн и Јевлеборг (Народниот театар во Јевлеборг) со режисерот Питер Оскарсон во „Трите сестри“ на Антон Чехов. Во 2008 година, глумела во сценското производство на „Челични магнолии“ во Стокхолм.[6]
Таа се појавила во две епизоди на „Хроники на младиот Индијана Џонс“ во 1993 година.[7] Многумина говорници на англискиот јазик ја знаат најдобро како Шми Скајвокер, мајката на Анакин Скајвокер,[8] од „Војна на Ѕвездите: Епизода I - Фантомската закана“ (1999),[9] и продолжението „Напад на клоновите“ (2002).[10] Ја поделила улогата на Дева Марија во „Марија, Исусовата мајка“ (1999) со Мелинда Кинаман.[11] Таа играла значајна улога во шведскиот филм „Sprängaren“ (Краен рок) (2001) заедно со Хелена Бергстрем. Во 2011 година, таа ја повторила улогата на Шми Скајвокер во третата сезона на „Војна на Ѕвездите: Војна на клоновите“ во епизодата „Надвладетели“, која се емитувала на 28 јануари.[12]
По нејзиното режисерско деби со краткиот филм „Временска бомба“ во 2005 година (Blindgångare), таа дебитирала како режисер на долгометражни филмови и сценарист во 2010 година со „Beyond“ (Преку), во кој глумат Нуми Рапасе и Ола Рапасе. Филмот бил избран за претставник од Шведска за најдобар странски филм на 84-то издание за Оскар[13] и бил награден со Шведските Гулдбаге награди и други (Август победила за најдобар режисер и најдобро сценарио). Во октомври 2011 година, од Август било побарано да режира нова данска драмска серија „Arvingerne“, по што таа прифатила. Премиерата на серијата била на DR ТВ каналот на 1 јануари 2014 година.[14] Нејзините две најмали ќерки имаат камео појави во серијата.
Меѓу многуте меѓународни награди и номинации, на Канскиот филмски фестивал во 1992 година таа ја добила наградата за најдобра глумица, за нејзината улога во „Најдобри намери“ на Бил Август.[15] За истиот филм таа исто така ја освоила наградата за најдобра глумица на 28-те Гулдбаге награди.[16]
Август е родена во Стокхолм. Таа двапати стапила во брак и двапати го менувала презимето. Нејзиниот прв брак бил во 1982 година со Клас Остергрен, со кого има една ќерка;[17] бракот завршил со развод во 1989 година. Вториот брак бил во 1991 година со Бил Август, со кого има две ќерки; овој брак исто така завршил со развод, овој пат во 1997 година.[18] Таа има три ќерки: Агнес, Аста и Алба.[19]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.