Пелеански избув
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пелеанска ерупција е вид на вулканска ерупција која се одликува со брзо движење на пирокластични текови или бранови кои опожаруваат сè што ќе им се најде на патот[1]. Притоа од вулканот големи количини на прашина, карпи и гас се исфрлаат од вулканот, кои потоа се спуштаат по падините како пирокластични потоци. Ваквата ерупција може да се случи кога магмата е многу вискозна, обично од риолитски или андезитски тип и истата дели сличности со вулканолошкиот тип на ерупција.