Пекорино Романо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пекорино Романо е тврдо, солено италијанско сирење, често се користи и за рендање, кое е направено со овчо млеко. Името „пекорино“ едноставно значи „овен“ или „овци“ на италијански; името на сирењето, иако е заштитено, е едноставен опис наместо бренд: „[formaggio] Пекорино романо“ е едноставно „овчо [сирење] од Рим“.
Иако оваа сорта на сирење потекнува од Лацио, како што покажува и неговото име, најголемиот дел од неговото вистинско производство се преселило на островот Сардинија.[1] "Пекорино романо" е италијански производ со име кое е признаено и заштитено со законите на Европската заедница.
Пекорино Романо бил главен во исхраната на легионерите од Стариот Рим . Денес, сè уште се прави и според оригиналниот рецепт кој е еден од најстарото сирење во Италија. На први мај, римските семејства традиционално јадат пекорино со свежа фава за времето на дневната екскурзија во Римската Кампања . Најмногу се користи во Централна и Јужна Италија.