Паја Јовановиќ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Павле Паја Јовановиќ (Вршац, 16.06.1859 – Виена, 30.11.1957) е еден од најголемите српски сликари и е типичен претставник на академскиот реализам. Најблизок според творештвото му бил сликарот Урош Предиќ. И двајцата му припаѓаат на реализмот, со тоа што Паја Јовановиќ бил повеќе наклонет кон идеалистичкиот реализам. Тој се вбројува во 100-те најпознати Срби.
Кратки факти Паја Јовановиќ, Роден(а) ...
Паја Јовановиќ | |
---|---|
Паја Јовановиќ | |
Роден(а) | јуни 16, 1859(1859-06-16) |
Починал(а) | ноември 30, 1957(1957-11-30) (возр. 98) |
Националност | српско |
Образование | Академија на фините уметности, Виена |
Познат(а) по | сликарство |
Значајни дела | Čas Mačevanja (Час по мечување) (1884) Velike seobe Srba (Големата преселба на Србите) (1896) Krunisanje cara Dušana (Крунисување на царот Душан) (1900) |
Правец | Реализам |
Мреж. место | www.pajajovanovic.rs |
Затвори
Благодарение на своето богато творештво, а особено со делата поврзани со темите од животот на српскиот народ и неговата историја, тој силно и длабоко влијаел врз уметничкото образование, културата и патриотизмот на својот народ.