From Wikipedia, the free encyclopedia
Пајакот-оса (лат. Argiope bruennichi) е вид на кругоплет пајак распространет ширум средна Европа, северна Европа, северна Африка и во делови од Азија. Како и многу други членови на родот Црно-жолти градинарски пајаци (Аргиопи), овој пајак има впечатливи црно-жолти шари на стомакот.
Пајак-оса | |
---|---|
Пајак-оса | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Членконоги |
Класа: | Пајаковидни |
Ред: | Пајаци |
Семејство: | Кругоплети пајаци |
Род: | Црно-жолти градинарски пајаци |
Вид: | Пајак-оса |
Научен назив | |
Argiope bruennichi (Скополи, 1772) | |
Синоними | |
Aranea brünnichii |
Овој пајак плете спирална мрежа на зајдисонце или изгрев, најчесто во високи треви. Мрежата ја поставува само малку повисоко од тлото, и за ова му треба околу еден час. Во средиштето на пајажината јасно се забележува шара во цик-цак линија, наречена стабилимент. Нејзината функција не е позната, но можно е таа да служи за привлекување на инсекти.
Кога пленот ќе се заплетка во мрежата, пајакот-оса набргу го прави неподвижен и го обвиткува во свила. Потоа пајакот го каснува пленот и му вбризгува парализирачки отров и ензим кој ги разложува белковините во телото.
Мажјакот е многу помал од женката. Честопати мажјакот се забележува во или крај мрежата на женката, каде чека таа конечно да се измитари, што значи дека достигнала полова зрелост. За време на парењето на женката ѝ омекнува вилицата за краток период, за мажјакот да може да се пари со женката без да стравува дека ќе биде изеден.
Моментално постои само еден признаен подвид:
„Пајак-оса“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.