Паун (Фабержеово јајце)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Паун – јувелирно и кварцно велигденско јајце, изработено од Дорофеев под надзор на рускиот јувелир Карл Фаберже во 1908 година.[1] Било изработено за Николај II, кој ѝ го поклонил на својата мајка Марија Фјодоровна во 1908 година.[1]
Кратки факти Паун, Година на изработка ...
Паун | |
---|---|
Година на изработка | 1908 |
Нарачател | Николај II |
Примател | Марија Фјодоровна |
Моментален сопственик | |
Индивидуална или институционална | Лозана, Фондација Едуар и Морис Сандоз |
Дизајн и материјали | |
Мастер | Дорофеев |
Употребен материјал | јајце: разнобојно злато, сребро дрво: разнобојно злато, дијаманти паун: злато, емајл, скапоцени камења |
Висина | 190 мм |
Ширина | 165 мм |
Изненадување | минијатурен механички паун |
Затвори
Проѕирното јајце е изработено од кварц и позлатена сребрена жица и има прилично едноставен стил. Генијалноста на јајцето е во неговото изненадување. Јајцето е составено од две половини кои се држат во целина со затворач на врвот и кога истиот се отвора се дели.